03 декември | ажурирано
728 x 90

Беџети: Изјавата на Хан во корист на криминогени елити

  • 20:40, 06 јуни
Han

Вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан оди на штета на граѓаните во земјава, а во корист на корумпираните политички елити,  смета академик Абдулменаф Беџети, според кого таквите гафови на европската дипломатија, веќе се хронични. Според Беџети, за правично решавање на политичката криза без да им се наштети на граѓаните и без да и се помогне на власта, потребно е посериозно вклучување на САД.

“Нема излез од вакви ситуации без одлучен и без компромисен ангажман од САД.  Секогаш, само американците тука издејствувале правични решенија кои биле прифатени од двете страни, но без тие да бидат на штета на другата страна. Со таа најава или, јас би ја нарекол грешката во неговата изјава за која веднаш се поправи, но залудно, тој покажа јасна пристрасност. А да не речам, но и неговите претходници исто така правеа неприфатливи гафови и неслучајно граѓаните не веруваат во европската дипломатија колку што веруваат во американската дипломатија. Ова треба да се кажува многу отворено, иако ние сме про – европски и без сомнение нашата определба е западна и европска, но не со ваквиот дипломатски речник кој оди на штета на граѓаните, а во корист на криминогените политички елити“, оценува Беџети.
   
Поранешниот амбасадор, Нано Ружин, заканата на Заев за напуштање на преговорите ја смета како храбар чекор. Со ова, според Ружин, лидерот на СДСМ ги зајакнал неговите позиции на преговарачката маса.

И Бојан Маричиќ од Институтот за европска едукација, смета дека вчерашната изјава на еврокомесарот Јоханес Хан, оди во прилог на власта, а неговото ретерирање беше неминовно за да ја сочува неговата посредничка позиција.

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера во Вашингтон изјави дека ОБСЕ и ОДИХР изборите во Македонија ги оцениле позитивно, а по заканите од лидерот на опозицијата дека нема да отпатува на разговорите во Брисел поради таквите изјави, двајцата оствариле телефонски разговор на кој комесарот Хан ги објаснил неговите ставови околу изборите. Хан вети дека во понеделник лично на прес-конференција ќе ги расчисти овие дилеми, по што ќе се знае дали СДСМ ќе отпатува за Брисел на 10 јуни.    

Бењамин Арифи