30 мај | ажурирано
728 x 90

Не една туку две лоби-фирми ја договориле средбата Бајден-Груевски?

  • 12:17, 14 јануари
DG-1

Се расчистува маглата за околностите во кои премиерот Никола Груевски отпатува за САД и се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден. Во регистарот на лобистички договори што го води американското Министерство за правда достапен е нов факт, кој е на трагата на одговорот на прашањето – како навистина Груевски беше на средба во Белата куќа.

 Станува збор за нов договор на ВМРО-ДПМНЕ со нова лоби-компанија од САД, чиј основач е Том Дешл, поранешен сенатор и конгресмен од редовите на Демократската партија. Дешл е сопартиец и поранешен колега на Бајден во Сенатот. Но, не само тоа – во договорот јасно пишува дека фирмата на Дешл, од името на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работи на организирање посета на премиерот Груевски на САД и на негови средби со високи претставници на американската администрација, а меѓу директните таргети се спомнува токму потпретседателот Бајден.

Една од задачите што ја презела лоби-компанијата била во контактите со администрацијата и други креатори на политиката и јавното мислење во Вашингтон да ја испрати пораката дека скандалот со прислушувањето „не значи прекршување на принципот на владеење на правото“. Договорот има важност од шест месеци, почнувајќи од први ноември минатата година, а услугите на „Дешл груп“ ја чинат ВМРО-ДПМНЕ месечно по 49.500 американски долари.Паралелно со овој, ВМРО-ДПМНЕ има активен договор со уште една лоби-компанија од САД, „Њу партнерс“, за што плаќа по 54.000 долари месечно.

Амбасадата на САД соопшти дека средбата Бајден-Груевски била на барање на македонскиот премиер, а Груевски изјави дека прашањето кој ја организирал средбата нема суштинско значење.Неофицијално, американската амбасада не била вклучена во организацијата на посетата на Груевски, а Стејт департментот дал негативно мислење и бил против средба Бајден-Груевски.

 

222

777

666

555

444

444

333