03 декември | ажурирано
728 x 90

Амбасадата на САД со реакција по неуспехот на синоќешните преговори

  • 17:37, 16 јануари
Ambasada SHBA_Shkup

Неуспехот на синоќешните преговори за излез од политичката криза го коментираа денеска од американската амбасада во Скопје. Оттаму за Алсат изјавија дека договорот од Пржино останува вистинскиот и најдобриот пат за излез од политичката криза.

„Како и Европската унија, ние целосно го поддржуваме спроведувањето на договорот и сме ангажирани да ù помогнеме на Македонија при неговата имплементација. Жал ни е што четирите политички лидери не успеаја вчера да постигнат консензус за отворените прашања, особено во однос на датумот на изборите и медиумите. Ние ќе останеме и понатаму во контакт со партиите и институциите. САД сакаат Македонија да успее и начинот за да го направи ова е преку веродостојни избори. Тоа ќе бара од сите четири политички партии да донесат тешки решенија“, наведуваат од американската амбасада.