01 јуни | ажурирано
728 x 90

Ременски: Директорот на ПИОМ да достави документи, во спротивно ќе има санкции

  • 14:28, 17 јануари
FSPI

Уште едно предупредување до директорите на Фондот за ПИОМ упати министерката Фросина Ременски. Ременски ги потсетува дека може да заработат прекршочна, но и кривична пријава, затоа што не ги даваат потребните документи со кои треба да се утврдат причините за долгот кон приватните пензиски фондови.

 „Нас како министерство кое врши надзор над Фондот за ПИОМ ни стојат на располагање и законски мерки во однос на поведување на прекршочни постапки кон одговорните во Фондот за ПИОМ и по однос на утврдување на некаква кривична одговорност во делот на попречување на надзорот. Во моментов не би шпекулирала и не би сакала да прејудицирам поведување на прекршочна постапка и кривична одговорност, бидејќи верувам дека в.д  директорот на Фондот за ПИОМ ќе ја сфати сериозноста на барањето и во заеднички интререс ќе ги достави дополнителните информации за да не пристапиме кон некакви санкции, “изјви  Фросина Ременски, министер за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика веќе две недели не може да добие увид во документацијата. Од Фондот за пензиско, првично испратија нецелосни податоци врз основа на кои не може да се утврди, како и зошто настанал долгот. Иако од ПИОМ бараа дополнителни рокови за да ја достават документацијата, сепак тоа досега не го направија. И наместо одговори за причините за финансиските проблеми на ПИОМ, директорот Шаип Зенели, одеднаш го врати целиот долг кон приватните пензиски фондови, но не открива како и од каде одеднаш се најде сумата од 11,3 милиони евра колку што изнесуваше долгот кон приватните пензиски фондови во кои члченуваат повеќе од 400 илјади граѓани.