25 јуни | ажурирано
728 x 90

ВМРО, ДУИ И ДПА договараат избори за 5 јуни!

  • 18:44, 17 јануари
Izbori-glasanje

Избори на 5 јуни, а ако не - тогаш во нивниот редовен рок по две години од сега. Со овие црвени линии по сè изгледа започна текот на новите преговори меѓу СДСМ од една – и ВМРО, ДУИ и ДПА кои до вчера бараа спроведување на 24 април како датум на изборите, од друга страна.

Извори на Алсат соопштуваат дека по неуспехот на преговорите од пред два дена, партиите веднаш воспоставиле контакт за постигнување на финална согласност, тоа што го постави како единствена можност и комесарот Хан, во финалната декларација кога рече:

„Сега веќе е до партиите да го постигнта решението – повикајте нè кога ќе бидете подготвени”. Извори на Алсат исто така потврдуваат дека финалниот датум на постигнувањето и објавувањето на оваа согласност е утре наутро и јасниот и точен сигнал треба да ù се соопшти на ЕУ.

Страните уште вчера ги започнаа своите преговори, не само со телефонски разговори, туку и со средби далеку од очите на јавноста на кои бил присутен и посредникот Ванхојте, како и претставници на американската амбасада во земјата која го модерираше својот став за исполнување услови за избори, а не само почитување на датумот, поддржувајќи го СДСМ.

Сепак, останатите партии ВМРО, ДУИ и ДПА инсистираат за 5 јуни како датум за избори и периодот до овој датум за прочистување на избирачкиот список би бил доволен за еден фер процес.

И за време на средбите во Пржино на 15 јануари, избври на Алсат ги цитираа меѓународните претставници дека доколку има добра волја, списокот може да се прочисти и за 3 недели, во спротивно нема да бидат доволни ни 3 години!

Датумот на изборите беше главната загриженост на СДСМ и како што дознава Алсат, страните оцениле дека екипирањето на ДИК, јавниот телевизиски сервис и Агенцијата за медиуми биле клаузули за кои лесно се наоѓало решение. Тој ден се зборуваше дека и самиот Хан доби гаранција од ДИК, односно од претседателот на оваа институција Чичаковски, дека е можно соодветно организирање на избори.

И кога го напушти Скопје, Хан нагласи дека Брисел е подготвен да ги понуди сите капацитети на ЕУ за избори, но оти треба да се делува брзо затоа што Европа има поголеми маки од Македонија, односно оти не треба да се заборава кризата со бегалците и тероризмот.

Кренар Садику