26 август | ажурирано
728 x 90

Катица Јанева остана без пари во новата година

  • 15:29, 20 јануари
Katica Janeva_07

Собранието не ѝ носи Буџет на Катица Јанева за 2016-та иако поминаа дваесет дена од новата година. Според информациите од Специјалното јавно обвинителство, нивниот финански план е усвоен од министерството за финансии и Владата, но од засега неразјаснети околности Собранието не го става на дневен ред.

Специјално јавно обвинителство:
„Од информациите што ги имаме, Финансискиот план за 2016 на ова Јавно обвинителство е поминат во Министерството за финансии и Владата на Република Македонија и од нивна страна доставен до Собранието на Република Македонија на 05.01.2016 година. Воедно и од наша страна до Собранието на Република Македонија исто така доставен е Финансискиот план за 2016 година.“

Тоа што немаат одобрено пари за годинава, значи дека Катица Јанева и нејзините колеги немаат земено плата за декември ниту пак им се уплатени придонеси. Но не трпат само обвинителите туку и работата.

Специјално јавно обвинителство:
„Фактот што немаме одобрен буџет за 2016 година директно влијае и на сите тековни работи на ова Јавно обвинителство. Имено, без буџет не сме во можност да пристапиме кон вработувања на стручен и помошен персонал, а во прашање се доведува и намирувањето на тековните финансики обврски, кои се врзани со рокови и соодветни финансиски имликации за задоцнета реализација на обврските (камати и слично).“

Дека тврдењата на Специјалното јавно обвинителство се точни може да се види и на интернет страницата на Собранието. Меѓу материјалите ја има предлог-одлуката на Владата да и се дадат на Јанева околку 4 милиони евра за следната година. Дел се за плати, дел за тековни и капитални трошоци за истрага на криминалите од опозициските „бомби“. Но, исто така може и да се види дека материјалот не е ставен на разгледување. Зошто е така АЛСАТ М не доби одговор ниту од канцелариите на генералниот секретар ниту од кај претседателот Трајко Вељановски.