25 септември | ажурирано
728 x 90

Беџети: Домашното задолжување ќе расте во предизборниот период

  • 21:54, 30 јануари
Abdylmenaf Bexheti

Со јавен долг од 47 проценти од бруто-домашниот производ,  Македонија го достигна највисокото ниво на задолженост досега, оценуваат дел од економистите.Според академик Абдулменаф Беџети, зголемувањето на вкупниот јавен долг е резултат на забрзаното темпо на задолжување на Владата, кое е поголемо од долговите што доспеваат за враќање.

„Задолжувањата се поголеми во споредба со враќањето на претходните долгови. Ако овој тренд продолжи, сигурно ќе дојде до надминување на лимитите кои ги имала земјата, но и оние според квалификациите на Светската банка и ММФ. Сега одиме на маргините на т.н високо ниво на јавниот долг”, вели Академик Абдулменаф  Беџети.

Академик Беџети очекува дека темпото на домашно задолжување ќе се зголемува во предизборниот период. Му порачува на гувернерот Димитар Богов да го преиспита лимитот на домашните банки за вложување пари во државни хартии од вредност.

„Ако се има во предвид  дека Македонија, се повеќе се ориентира кон домашно задолжување, сметам дека гувернерот на Народната банка,  треба да ги разгледа уште еднаш лимитите, до каде домашните банки можат да ги хранат амбициите на Владата за неограничено задолжување, затоа што тие пари од задолжувања не се за економски проекти, туку воглавно се насочуваат за потреби во политички циклуси”, додава Беџети.      
        
За само три месеци вкупниот јавен долг на Владата е зголемен за 283 милиони евра и изнесува 4,2 милјарди евра. Податоците од министерството за финансии покажуваат дека од 2007 година до сега вкупниот јавен долг е зголемен за 2,6 милјарди евра.

Според владината фискална стратегија до 2018 година јавниот долг ќе достигне 5,6 милјарди евра или 52,4 отсто од бруто домашниот производ, што ќе биде резултат на нови задолжувања тешки 2 милјарди евра. Но и со ваквото ниво на јавен долг, според Владата, Македонија се уште спаѓала во групата на умерено задолжени земји.

Соња Јанковска