26 јуни | ажурирано
728 x 90

Ахмети: Нов договор за промена на датумот за избори

  • 20:12, 02 февруари
Ali Ahmeti_Perzhino

Одложување на изборите е можно само ако се постигне новиот политички договор - порачува лидерот на ДУИ. Во денешната изјава Али Ахмети, со видоизменета позиција, - вели дека е важно изборите да бидат слободни и прифатливи за сите страни.

"За да се промени датумот сигурно дека треба консензус од сите политички партии. Ние ги кажавми нашите образложенија зашто не треба пак да се дискутира за постигнатиот договор на 2 јуни и на 15 јули. Сакаме што поскоро да се стави крај на овој застој, на оваа политичка блокада во која се наоѓа земјава. Ако досега имало мониторирани избори, најсилно набљудувани избори во земјава ќе бидат следните - и од меѓународните институции и од политичките сили во државата", изјави Ахмети.
 
Уверува дека ДУИ максимално ќе се ангажира за решавање на двете нерешени прашања – избирачкиот список и медиумите.
 
"... Заинтересирани сме во земјава да има закон во согласност со европските стандарди за слободна и независна работа на медиумите зашто не е ниту политички интерес ниту стратешки интерес на ДУИ за постоење на цензура, или да се има медиум кој ќе биде портпарол на една политичка партија", вели Ахмети.
 
Ахмети од опозицијата побара да го почитува договорот од Пржино и да не се повлече од обврските што ги презела.

Валмир Кучи