Vip-pop-hw
30 септември | ажурирано
728 x 90

Брачниот пар Беќири неколку дена жители на паркот во Чаир

  • 17:29, 20 февруари
cifti nga cairi

Речиси секој агол од паркот во Чаир станал дом и кревет за брачниот пар Ибе и Сервет Беќири од Скопје. Тие се на 54 години возраст и за жал се принудени да спијат и на улица. Велат дека сопственикот на станот каде што живееле под кирија ги отстранил бидејќи го продал. Единственото нешто што имаат се овие два картона во рацете и ги користат како кревет за спиење. Очајни од страдањата со кои секојдневно се соочуваат тие апелираат до сите хумани луѓе за помош, за да им обезбедат една соба.
 
„На земја ќе спијам никому ништо нема да му барам, без леб ќе седам, само една соба да имаме да не нè врне дожд и да не нè дува ветер. Тоа ми треба, не сакам ништо повеќе. Тука надвор спиевме во текот на ноќта, заспавме, накај 3 часот наутро се разбудивме од лаењето на кучињата, се будевме полека да не нè слушне некое“, рече  Ибе Беќири.
 
Сервет Беќири раскажува дека многу пати конкурирале за социјален стан, но немале среќа да добијат.
 
„Три четири пати имаше конкурси за социјални станови, секој пат ме одбиваа. Барам каде да најдам некаде. Киријата е многу скапа 150-200 евра, тоа е лошо. Се надевам, верувам дека има хумани луѓе, има добри луѓе, да ми помогнат да обезбедам покрив над главата. Да најдам работа е уште подобро. Излегувам по Чаир, по чаршија да видам дали има нешто за товарање или за растовар. Би работел сè додека сум здрав...“, вели Сервет Беќири.
 
Она што го прави овој случај уште потрагичен се многубројните болести кои ги има Ибе. Има и епилепсијата. Поради сиромаштијата често пати останува без терапија.
 
„Јас сум болна, мажот излегува бара работа, кога нема се враќа дома, што да правиме, каде да одиме ... Од епилепсија боледувам 20 години. Треба апчиња едвај ги купувам, се задолжувам, а тој долг треба да се врати никој не ти простува“, додава Ибе Беќири.
 
Беќири велат дека постојано живеле под кирија и во сиромаштија, а немаат ни деца. Ги оставивме во паркот во потрага по место каде вечерва да ја поминат ноќта. Заинтересираните кои сакаат да им помогнат може да се јават на телефонскиот број:

+389 76 588 271
Сервет Беќири, населба Чаир, Скопје

Мелихате Рустеми