01 октомври | ажурирано
728 x 90

Крстот во општина Бутел покрена етнички тензии

  • 19:29, 27 февруари
Butel_Protesta_4

ДУИ од Скопје во акција против крстот во општина Бутел. Демонстрантите, меѓу кои и функционери на албанската владејачка партија од огранокот во Чаир, изутрината се обидоа да стигнат до местото каде ќе се гради крстот. Иако се дел од власта, претставниците на ДУИ, преку форма на протест, решија да изразат незадоволство за поставување христијански симбол на јавен простор.
 
Пратеничката на ДУИ, Емира Мехмети, која пред извесно време објави прекинување на партиските активности, беше „фронтмен“ на протестите. Таа рече дека крстот ги влошува меѓуверските, но и меѓуетничките односи.
 
Некој мисли дека со ароганција и тврдоглавост може да прави што сака со државата, а особено со албанските места. Ние денеска сме тука да кажеме дека со албанските населени места не може да прави кој што сака. Крстови, лавови, ѕверови, мечки, ѓаволи, што сакаат нека изградат на таа страна од мостот каде што направија зоолошка градина, но од оваа страна на мостот ќе се градат симболи, знаци што рефлектираат контекст и чувство на соживот.
 
Мехмети на полицајците им се обрати со политичка порака на македонски јазик.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, пред демонстрантите рече дека Македонија нема потреба од нови инциденти.
 
„Крстовите припаѓаат на црквите, минариња на џамиите, ни едното ни другото не се за на улица. Овие ги слушав дека крстот им припаѓа и на православните Албанци, но бидејќи се грижат толку за нашите православни браќа Албанци, треба да направат православна албанска црква и апелирам до општина Бутел да издвои локација за Албанска православна црква“, рече Изет Меџити, градоначалник на Чаир.

Полицијата не им дозволи на демонстрантите да стигнат до местото на поставување на крстот. Инаку, протестот се одржа пред поставувањето камен-темелникот и заврши мирно.

Валмир Кучи