03 декември | ажурирано
728 x 90

Ванхауте: Работните групи незаинтересирани за преговори

  • 18:06, 09 март
Mediume_15

Нема преговори за медиумите. Работните групи не се заинтересирани да продолжат. Ова за Алсат М го потврди денеска белгискиот посредник, Питер Ванхауте.

„Мислам дека нема да има средба на работните групи пред изборите. Ако една партија одбива да учествува на преговорите бидејќи не им се допаѓа консензуалниот пристап и тоа партиите да се договорат за едно прашање, тогаш не гледам причина работната група да се состане. Проблемот со расправата за ова прашање во Собранието, се однесува на тоа што на крајот сè зависи од мнозинството, а не од консензусот меѓу сите политички партии“, рече Ванхауте.

Прашањето за медиумите останува во агендата на меѓународниот фактор, но останува и дилемата дали тоа ќе се реши пред или евентуално по изборите планирани за 5 јуни.

Кренар Садику