25 јули | ажурирано
728 x 90

Ексклузивно: СЈО го чува влезот на Централниот регистар

  • 20:29, 23 март
centralen registar

Зградата на Народната Банка на Република Македонија од попладнево е предмет на интерес на полициски единици и лица од Специјалното обвинителство, дознава АЛСАТ М од очевидци и вработени во институциите кои се сместени во објектот.

Нашата екипа пред малку вечерва регистрираше дека пред зградата има возило на единицата АЛФА кое е паркирано пред влезовите во објектот, а повремено можат да се забележат и други полициски возила. На упатените прашања до Специјалното јавно обвинителство, ни потврдија дека нивни истражители помогнати од полицијата се присутни пред зградата на НБРМ поради судска наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Македонија.

Наредбата била издадена при крајот на работното време, но по истата не било постапено бидејќи сите вработени од Централниот регистар биле пуштени да си заминат дома. Така, велат од СЈО, нивните истражители и полицијата ќе останат да го чуваат објектот до почетокот на работно време утре, за да не дозволат влез или излез од објектот или изнесување документи, бидејќи како што велат, имале сомнеж дека е можно уништување на материјали кои потенцијално се од интерес на СЈО. Од кај Катица Јанева не откриваат за кој предмет се врши одземањето на документите.