Експертите не се согласуваат со антикризните мерки на Владата
Коментирајки го четвртиот пакет на антикризни мерки на Владата дел од експертите сметаат дека тие не се вистински за ублажување на кризата. Според професорот Абдулмеаф Беџети Владата пред да ги покаже резултатите од изминатите три пакети на антикризни мерки, решава да премине на четвртиот пакет. Презема мерки кои ќе ја подобрат катастрофалната слика на домашната економија. Директорот на Стопанска комора на северозапдна Македонија Блерим Златку последните Владини мерки ги нарече административни, додавајќи дека од 14 предложени мерки од нивната стопанска комора, Владата прифатила само две.
"Во реалниот сектор има субстанцијална криза. Што се однесува до реалниот бизнис, да ги прашате малите компании или малите семејни бизниси тие чувствуваат една построга репресија на Владата преку парични казни и фискален систем на репресија кој е невиден во последните 20 години. Може да се каже дека постои развиена имагинација за да се продолжи со стилот на промоција на неуспех, затоа што понекогаш и авто-головите можете да ги претворите во голови, но крајниот резултат е ваш и е губитнички“, рече Абдулменаф Беџети, експерт по економија.
"Според мое мислење овие мерки се главно административни, не се поттикнувачки. Ние како Стопанската комора овие мерки ги предложивме пред два месеци и не ги нарековме анти-кризни мерки", истакна Блерим Златку, директор на СКСЗМ.
Невзат Мамути
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар