Усвоен предлогот за намалување на царините за увоз на автомобили
Собраниската Комсија за финансирање и буџет го усвои предлогот со кој ќе се намалат царините за увоз на стари и на нови возила кои се наменети за земји кои не се членки на ЕУ. Со усвојувањето на измените од страна на Комисијата, царината ќе изнесува 5, наместо досегашните 10 отсто. Исто така се предвидува и намалување на царините за старите возила од 2 на 1 процент и на новите кои се купени во некоја од земјите на ЕУ од 4 на 2 отсто. Пратениците одлучија и измените на Царинскиот тарифник на сила да стапи заедно со Законот за акцизи. Според очекувањата, измените на царините ќе се усвојат в четврток, со што уште в петок заедно со новиот закон за акцизи, во пакет, ќе бидат објавени во Службен весник и веднаш ќе стапат на сила. Инаку, најдоцна до утре се очекува да се усвојат новите акцизи, кои доцнат со собраниската процедура бидејќи на денешната собраниска седница имаше долга расправа за интерпелацијата на претседателката на Антикорупциската комисија Мирјана Димовска.
Јане Димески
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар