Насловна | Економија | Стечајни работници фрлаа јајца кон Владата

Стечајни работници фрлаа јајца кон Владата

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Јајца и топки снег кон полицајците и античките статуи пред зградата на Владата. Околу 200 стечајни работници од поранешни, дел приватизирани, а дел ликвидирани државни претпријатија од повеќе градови, повторно протестираа. Бараат од владата да им го прифати предлог-законот со кој ќе добиваат по 6 илјади денари месечно до ново вработување или пензија.

„Вие немате разбирање. Излезете, видете го вашиот производ како паѓа по улици, повелете да се видиме!“, велат стечајците.

Стечајните работници овој пат не беа примени во Владата. Еден од нив детално опиша, доколку Владата го прифати предлогот, каде планира да ги потроши парите.

„2.350 денари за леб, за вода 700, за струја и дрва 2.400, 300 за лекови и 300 за хигиена. Сè вкупно е 6.050 денари што е нешто над 30 проценти од републичкиот просек“, објасни стечајниот работник.

Овие поранешни работници со над 15 години работен стаж и 50 годишна возраст, најавуваат дека и идниот вторник на истото место ќе го продолжат протестот.

“Очекуваме сепак премиерот да попушти, да најде пари во буџетот и да ги реши овие стечајни работници кои се наоѓаат во многу тешка економска состојба. Едноставно се борат за гол живот. Ако Груевски и денеска крене бело знаменце, во тој случај ќе мораме да бараме друго решение, други начини за решавање на ова прашање“, вели Драге Јовановски од Сојузот на синдикати на Македонија.

Денеска пред владата, дојдоа пратеници на СДСМ, НСДП и Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија. Петнаесетина минути поразговараа, им дадоа вербална поддршка и заминаа. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно обвини дека опозиционерите ги организираат овие протести и манипулираат со стечајните работници.

Јане Димески

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Економија
Previous
image
ЕВН:Заостанатиот долг на рати
Домаќинствата, малите претпријатија и индустриските корисници ќе може заостанатиот долг кон ЕВН Македонија за потрошена струја да го платат во целост без камата или на ...
image
Поскапувањето ги откажува луѓето од парно
Парното на топланата Скопје Север нема да поскапи за 40 туку за 14 проценти. Ова е денешната конечна одлука на Регулаторната комисија за енергетика откако ...
image
Поскапува парното
Парното повторно поскапува потврди денеска Регулаторната комисија за енергетика. Најголем шок ќе имаат граѓаните кои се греат од топланата Скопје Север. Нивните сметки од 1 ...
image
Тужбата на ЕВН ставена во мирување
"ЕВН е пример на инвеститор кој му е потребен на Македонија". Со овие зборови и ракување, македонската Влада и ЕВН Македонија официјално се помирија, фрлајќи ...
image
Раст на индустриското производство
Минатиот месец, според Заводот за статистика, индустријата произвела за 5,4 проценти повеќе производи отколку истиот период лани. Најголема позитива од дури 49 насто, според статистиката ...
image
Македонија надвор од регионалното поврзување
Железниците во регионот се обединуваат за да привлечат повеќе патници со поевтин транспорт и намалени граничните процедури и трошоци. Вчера во Брдо кај Крањ во ...
image
Пластениците - решение за температурните осцилации
Познатиот македонски домашен ајвар произведен во домашните конзервни компании годинава ќе доцни. Нема да биде вкусен и мирисен како досега. Произведувачите - виновникот за тоа ...
image
Поефтинува пазарот - нема купувачи
Слабата куповна моќ на граѓаните и летните одмори речиси ги опустошија пазарите низ земјава. Продавачите велат дека овошјето и зеленчукот го продаваат ефтино, но нема ...
image
Од август долговите за струја и на рати
Од  август  сите граѓани кои ги немаат подмирено долговите  кон ЕВН ќе можат тоа да го сторат  на  6 рати изјави за Алсат-М портпаролката на ...
image
Туристичките потенцијали - запоставени
Случајот со работниците во центарот за рекреација во Берово, кои самоиницијативно го одржуваат центарот во рамките на кој се наоѓаат базенот и кампингот, ги потврдува ...
image
Седум европски банки не го положија „стрес-тестот“
Само седум од 91 голема банка во ЕУ кои беа изложени на т.н. „стрес-тест“, не би можеле да издржат уште една финансиска криза и би ...
image
Владата не ги менува проекциите за раст на економијата
Македонија нема повторно да влезе во рецесија и покрај предвидувањето за намалување на растот на економијата од 2,2 на 0,5 проценти од страна на Европската ...
image
Пешевски:Стопанствениците погрешно ја разбраа Владата
Објаснувајќи ги измените во законот за јавни набавки вицепремиерот Владимир Пешевски нагласи дека Владата не ги условува градежните или другите компании на одложено плаќање на ...
image
Владата на социјално загрозените ќе им дава по 600 денари
Од октомври околу 58.000 социјално загрозени семејства во Македонија ќе добиваат по 600 денари месечно за плаќање струја, парно,  огревно дрво, јаглен или екстра лесно ...
image
Стопанска комора: Неприфатливи измените на Законот за јавни набавки
Измените на Законот за јавни набавки со кои државата може да го одложи и до две години плаќањето кон фирмите ангажирани на нејзините проекти се ...
Next
Прегледај ја архивата
first first јули, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31