Насловна | Економија | Расправа за интерпелација на Ставревски

Расправа за интерпелација на Ставревски

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Пратениците денеска расправаа по интерпелацијата за работата на министерот за финансии Зоран Ставревски. Според поднесителите на иницијативата, ЛДП и Нова Алтернатива, клучни причини за барањето за отповикување на министерот се промашениот втор ребаланс на буџетот за 2009, необмисленото задолжување на земјата во странство со неповолни кредити, големото трошење, притисоците врз Народната банка, големите долгови на државата кон фирмите како и простувањето на долговите на јавните претпријатија. Ставревски пак, од нападите се бранеше со тврдење дека Македонија сè уште има простор да се задолжува, а откога ВМРО-ДПМНЕ е на власт забележан е 3 пати поголем економски раст и помала невработеност отколку кога на власт бил СДСМ.

„Трошите 31 милиони евра или 20 проценти повеќе во јануари 2010 отколку во јануари 2009. Ако продолжите вака нас нè очекува дефицит од 400 милиони евра. Со вакво не контролирано трошење мора да застанете веднаш. Овој тренд ќе значи колапс на буџетот од друга страна и ќе значи обид за премостување на тој колапс преку дополнителни даночни оптоварувања, дополнителни казни за стопанството и задолжувања на домашниот и странскиот пазар“, рече Јован Манасиевски, пратеник од ЛДП.

„Ние ги намаливме расходите значително во износ од околу 50 милиони евра расходите за стоки и услуги со вториот ребаланс. Република Македонија ја заврши 2009 година со дефицит од 2,77 проценти од БДП, а тоа е меѓу трите најдобри резултати во Европа. Ви цитирам студија на Светска банка, во Југоисточна Европа има само една земја која има простор да се задолжи, а да не ги загрози идните генерации односно нивото на јавниот долг, а тоа е Република Македонија“, истакна министерот Ставревски.

Манасиевски го обвини Ставревски дека минатата година вовел цела серија нови давачки со кои се оптоваруваат фирмите од што владата годинава ќе собере околу 250 милиони евра.

„Бидејќи владата троши 40 отсто од Бруто домашниот производ преку буџетот, владата е клучен генератор на неликвидноста во стопанството. Ако владата почне редовно да си ги плаќа обврските овој волшебен круг на меѓусебни должења ќе биде прекинат. Зголеменото оптоварување на фирмите, неисплатата на долговите кон фирмите и со фаворизирањето на јавните претпријатија на сметка на приватните вие правите атмосфера на комплетно непазарни услови“, рече Манасиевски.

„Ние со тие проекти господине Манасиевски и задолжувања ќе градиме социјални станови за ранливите категории ќе обезбедиме средства за условени парични трансфери и за граѓаните кои примаат социјална помош, така што е изненадувачки што и тие ги доведувате во прашање“, одговори Ставревски.

Пратениците во Собранието до полноќ ќе мораат да гласаат по иницијативата за отповикување на Ставревски.


Јане Димески

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Економија
Previous
image
ЕВН:Заостанатиот долг на рати
Домаќинствата, малите претпријатија и индустриските корисници ќе може заостанатиот долг кон ЕВН Македонија за потрошена струја да го платат во целост без камата или на ...
image
Поскапувањето ги откажува луѓето од парно
Парното на топланата Скопје Север нема да поскапи за 40 туку за 14 проценти. Ова е денешната конечна одлука на Регулаторната комисија за енергетика откако ...
image
Поскапува парното
Парното повторно поскапува потврди денеска Регулаторната комисија за енергетика. Најголем шок ќе имаат граѓаните кои се греат од топланата Скопје Север. Нивните сметки од 1 ...
image
Тужбата на ЕВН ставена во мирување
"ЕВН е пример на инвеститор кој му е потребен на Македонија". Со овие зборови и ракување, македонската Влада и ЕВН Македонија официјално се помирија, фрлајќи ...
image
Раст на индустриското производство
Минатиот месец, според Заводот за статистика, индустријата произвела за 5,4 проценти повеќе производи отколку истиот период лани. Најголема позитива од дури 49 насто, според статистиката ...
image
Македонија надвор од регионалното поврзување
Железниците во регионот се обединуваат за да привлечат повеќе патници со поевтин транспорт и намалени граничните процедури и трошоци. Вчера во Брдо кај Крањ во ...
image
Пластениците - решение за температурните осцилации
Познатиот македонски домашен ајвар произведен во домашните конзервни компании годинава ќе доцни. Нема да биде вкусен и мирисен како досега. Произведувачите - виновникот за тоа ...
image
Поефтинува пазарот - нема купувачи
Слабата куповна моќ на граѓаните и летните одмори речиси ги опустошија пазарите низ земјава. Продавачите велат дека овошјето и зеленчукот го продаваат ефтино, но нема ...
image
Од август долговите за струја и на рати
Од  август  сите граѓани кои ги немаат подмирено долговите  кон ЕВН ќе можат тоа да го сторат  на  6 рати изјави за Алсат-М портпаролката на ...
image
Туристичките потенцијали - запоставени
Случајот со работниците во центарот за рекреација во Берово, кои самоиницијативно го одржуваат центарот во рамките на кој се наоѓаат базенот и кампингот, ги потврдува ...
image
Седум европски банки не го положија „стрес-тестот“
Само седум од 91 голема банка во ЕУ кои беа изложени на т.н. „стрес-тест“, не би можеле да издржат уште една финансиска криза и би ...
image
Владата не ги менува проекциите за раст на економијата
Македонија нема повторно да влезе во рецесија и покрај предвидувањето за намалување на растот на економијата од 2,2 на 0,5 проценти од страна на Европската ...
image
Пешевски:Стопанствениците погрешно ја разбраа Владата
Објаснувајќи ги измените во законот за јавни набавки вицепремиерот Владимир Пешевски нагласи дека Владата не ги условува градежните или другите компании на одложено плаќање на ...
image
Владата на социјално загрозените ќе им дава по 600 денари
Од октомври околу 58.000 социјално загрозени семејства во Македонија ќе добиваат по 600 денари месечно за плаќање струја, парно,  огревно дрво, јаглен или екстра лесно ...
image
Стопанска комора: Неприфатливи измените на Законот за јавни набавки
Измените на Законот за јавни набавки со кои државата може да го одложи и до две години плаќањето кон фирмите ангажирани на нејзините проекти се ...
Next
Прегледај ја архивата
first first јули, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31