Намалувањето на казните одложено за 14 дена
Висината на казните за граѓаните и компаниите останува иста, без намалувањето кое Владата го најави пред две недели. По состанокот со инспекторатот и бизнис заедницата, вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека нивото на намалување на казните ќе биде познато после 14 дена. Тој рече дека оваа одлука е донесена поради тоа што сè уште не се завршени потребните анализи кои треба да покажат каде и колку треба да се намалат паричните казни.
Со ова полицијата, трудовата инспекција, пазарната, санитарната и другите инспекции продолжуваат да казнуваат со старите парични казни, кои бизнис заедницата ги смета како мошне високи.
“Сфативме дека проблемот со кој што се зафаќавме е доста сериозен и можеби времето кое си го зададовме пред себе беше преамбициозно, така што веројатно ќе ни биде потребно уште недела до две за да излеземе со првични предлози“, рече Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.
Бизнис секторот од Пешевски бара инспекторите да не ги казнуваат компаниите за банални работи.
“Казнените мерки, како што кажа претседателот, не е во суштина само да бидат помали. Значи ние имаме проблеми околу тоа да не постои степенување на казните, значи за банални казни и прекршоци се добиваат огромни казни“, истакна Ангел Димитров, потпретседател на организацијата на работодавачите на Македонија.
“Сите мерки кои понатаму Владата на Република Македонија ќе ги донесе во заедништво со бизнис асоцијациите во Македонија би требало да бидат на релација и во насока на унапредување на бизнис климата во Македонија“, рече Александра Наќева-Ружин, член на Европската бизнис асоцијација.
Преземените мерки за намалување на казните се преземаат на барање на бизнис заедницата, заради високите парични глоби и казни, кои се оценуваат како неправедни.
Невзат Мамути
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар