Насловна | Економија | Намалувањето на казните одложено за 14 дена

Намалувањето на казните одложено за 14 дена

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Висината на казните за граѓаните и компаниите останува иста, без намалувањето кое Владата го најави пред две недели. По состанокот со инспекторатот и бизнис заедницата, вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека нивото на намалување на казните ќе биде познато после 14 дена. Тој рече дека оваа одлука е донесена поради тоа што сè уште не се завршени потребните анализи кои треба да покажат каде и колку треба да се намалат паричните казни.

Со ова полицијата, трудовата инспекција, пазарната, санитарната и другите инспекции продолжуваат да казнуваат со старите парични казни, кои бизнис заедницата ги смета како мошне високи.

“Сфативме дека проблемот со кој што се зафаќавме е доста сериозен и можеби времето кое си го зададовме пред себе беше преамбициозно, така што веројатно ќе ни биде потребно уште недела до две за да излеземе со првични предлози“, рече Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Бизнис секторот од Пешевски бара инспекторите да не ги казнуваат компаниите за банални работи.

“Казнените мерки, како што кажа претседателот, не е во суштина само да бидат помали. Значи ние имаме проблеми околу тоа да не постои степенување на казните, значи за банални казни и прекршоци се добиваат огромни казни“, истакна Ангел Димитров, потпретседател на организацијата на работодавачите на Македонија.

“Сите мерки кои понатаму Владата на Република Македонија ќе ги донесе во заедништво со бизнис асоцијациите во Македонија би требало да бидат на релација и во насока на унапредување на бизнис климата во Македонија“, рече Александра Наќева-Ружин, член на Европската бизнис асоцијација.

Преземените мерки за намалување на казните се преземаат на барање на бизнис заедницата, заради високите парични глоби и казни, кои се оценуваат како  неправедни.

Невзат Мамути

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Економија
Previous
image
Премиерот не подлегна на ултиматумот од камионџиите
Помина крајниот рок кој му го поставија камионџиите, а Груевски сепак не им одговори дали ќе ја укине доплатата за зелениот картон. Од министерството за ...
image
Земјоделците чекаат да им се исплатат ветените субвенции
Дел од фармерите велат дека незнаат дали субвенциите доцнат или ќе ги нема. Се уште никој не ги известил дали ќе ги добијат ветените пари ...
image
Барајте ги своите дени!
Ако цената на еден прехранбен продукт чини 39,5 денари, продавачите оваа цена ја заокружуваат на 40 денари. Ова се случува поради тоа што продавачите во ...
image
Не се знае дали ќе поскапи лебот
Се уште не се знае дали цената на лебот ќе остане иста или ќе се покачи. Според првиот човек на мелничарите Благоја Стојчев, се зависи ...
image
Криза во федерацијата на фармери
Федерацијата на фармери на Македонија не се грижи за проблемите на земјоделците, туку се  гледаат сопствени интереси и како полесно да се ќари  на грбот ...
image
Синдикалците ќе протестираат на 8 септември
Наместо да го слават денот на независноста синдикалците од  конфедерацијата на синдикални организации мирно ќе протестираат пред собранието на Република Македонија.Членовите на оваа организација ќе ...
image
Субвенции за енергетика за социјалните случаи
Од овој месец, па во наредните четири, социјалните семејства месечно ќе добиваат по 600 денари за да можат да подмират дел од своите сметки за ...
image
Камионџиите со ултиматум до Владата
Камионџиски ултиматум до премиерот. Петнаесетина камиони можат целосно да го блокираат Скопје ако до 7 септември Никола Груевски не им одговори на барањето за укинување ...
image
Раст од 1 процент во Еврозоната
Во Еврозоната во вториот квартал годинава остварен е економски раст од 1 процент, соопштија денеска од европската Агенција за статистика, Еуростат. Растот се однесува на ...
image
Бизнис дијаспoрата се обединува за Македонија
Бизнисмени од албанската и македонската дијаспора кои работат во САД и имаат потекло од Македонија ги обединуваат своите сили и во иднина заедно ќе ги ...
image
Понуваат судирите околу претседателската фотеља во ССМ
Синдикалците ги копираат политичарите. Двајцата кандидати за претседателската фотеља во Сојузот на синдикати на Македонија, Драги Јовановски и актуелниот в.д. претседател Живко Митревски, денеска своите ...
image
Во Чаир се одлага казнување за немање куќен совет
На средбата со претседателот на регулаторната комисија за домување, Душко Кадиевски, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити повтори дека до крајот на годинава општините нема ...
image
Бензините и дизелот поевтинуваат за 1,5 денари по литар
Бензините и дизел горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши  намалување на рафинериските и на ...
image
Пораст на индустријата во споредба со лани
Индустриското производство во јули порасна за над 8 проценти во споредба со истиот месец лани, пресмета Заводот за статистика. Најголем пораст од 35 отсто има ...
image
Европски пари за македонските пруги
Брзина и до 100 километри на час наместо сегашните 50, ќе достигнат македонските возови откако со 17 милиони евра европски пари ќе се обноваат пругите. ...
Next
Прегледај ја архивата
first first септември, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30