УЈП казни неколку фирми во кумановско
Управата за jавни приходи казни околу 60 компании од Куманово и Липково со глоба од 1.000 до 5.000 евра поради тоа што два дена задоцниле со доставувањето на формуларите за наплата на додадената вредност. Според сопствениците на овие претпријатија, задоцнувањето за доставување на потребната документацијата се случило бидејќи доцнела целата постапка од државните институции и тоа три дена по ред.
„Конкретен пример е мојата компанија која е казнета со 5.000 евра, а јас сум сметководител и на други 60 компании во општина Куманово и Липково. Како образложение се наведува недоставувањето на формуларите во предвидениот рок.“- Сејфула Бајрами сметководител
Од УЈП велат дека кривичните пријави се издадени врз основа на актуелниот Закон за даноци. Според нив, не е направено никакво прекршување.
„Според даночниот календар, УЈП редовно ги информира даночните обврзници за обврските за доставување на сите даночни извешти, крајните рокови, но и казните. Исто така, ние со даночните обврзници имаме пракса на директни контакти. Ова особено значи за пријавување на ДДВ-то последниот рок да се достави ова барање е секој 15-ти од месецот. Даночните обврзници во период од 15 дена треба да достават барање“ – се вели во реакцијата на УЈП.
Според Управата, до овој месец само 2.116 даночни обврзници доставиле формулари за плаќање данок. Минатата година пријавени биле 47.546 годишни извештаи, а според проекциите, бројот на доставени извештаи за наплата на даноците за 2009 година треба да достигне 60 илјади пријави.
Невзат Мамути
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар