ALSAT-M: Американската хит-серија E-RING Американската хит-серија E-RING ================================================================================ Alsat M on 27/01/2010 13:12:00 Американската хит-серија E-RING (Пентагон) е акциона телевизиска серија, чиј продуцент е познатиот Џери Брукенхајмер, креаторот на хит-сериите CSI и Without a Trace. Името на серијата E-RING се однесува на последниот прстен на американското министерство за одбрана, познато како Пентагон. Токму во петтиот, последен прстен, се наоѓа командата на американските воени сили, офицерите од највисок ранг, коишто ги донесуваат сите најважни одлуки за националната безбедност, а под чија надлежност се сите специјални единици на армијата на САД. Серијата ги следи операциите на специјалните сили во Босна, Иран, Ирак, Руанда, Колумбија, Авганистан, како и директните судири со оперативците на Ал-Каеда низ целиот свет. Во главните улоги настапуваат холивудските ѕвезди Денис Хопер и Бенџамин Брат.