Емисии
ВЕСТИ - со најнови информации од политичкиот и општествениот живот на домашната и меѓународната сцена, од културата и спортот
на албански јазик – секој ден во 16:00, 18:00, 20:00 и 00:00
на македонски јазик – секој ден (во 22:30)
5 плус - Tелевизиско царство за најмладите гледачи. Секој работен ден од 10:00 часот водителите Нертила Дика и Бујар Сахити преку игра и забава ги водат децата низ воспитни и образовни содржини. Интерактивна емисија со мали и големи гости. Се реализира во соработка со невладината организација ОХО.
Игран ФИЛМ – се залага во вашите домови, да пристигне светската кинематографија. Ѕвездите во вашиот дом, од најгледаните филмови. Серија на најнови американски филмови секој вторник 20:40 ч .
Долина на волците – заседа, оваа серија без оглед на тоа што почнува со напомена на гледачите дека “настаните во оваа криминалистичка драма се измислени и секоја сличност со одделни личности е случајна“ познавачите на приликите напомнуваат дека во суштина, со секоја епизода на оваа серија всушност се исфрлаат на виделина повеќе, актуелни настани и најголемите и најмрачните пресметки со илегални и подземните структури во модерна Турција .Јунакот на серијата Полат Алемндар, беспоштедно се пресметува и спротивставува на најсуровиот мит во светот парите.Се емитува Секоја петок од 20:40 репризи сабота 13:00
ПАТОТ КОН.. - Првиот човек на информативната програма на Алсат-М Мухамед Зекири, ве води на патот кон расветлување на комплексни домашни политички и општествени прашања со гости од политиката, дипломатскиот кор и со експерти. Нова сезона како водител се придржува Боби Христов. Секој четврток од 20:40 часот.
Дали знаете...? – Многу атрактивна емисија каде водителот и креаторот на оваа тв шоу Дритро Аме се поистоветува со многуте ликови од секојдневниот живот со различни професии . Ако внимателно ја гледате ова емисија ќе откриете многу професии, каде ќе забележите како се градат и како дејствуваат .Сето оваа ке го преметите од извонредниот шоу мен Дритро Аме . Секојa недела од 14:30 часот
На здравје шишање – Емисија со познати и истакнати личности од политичкиот, економскиот и културниот живот. Во берберницата на директорот Сашо Орданоски „без ракавици“ се дискутираат актуелни теми и прашања за професионалниот и приватниот живот на гостинот. Термин за шишање – петок во 23:00 часот.
Лауреати – Музичка емисија во која гледачите со своето учество во гласањето избираат Хит на годината, Пејач на годината, Албум на годината, но и многу други категории. Водителка, Флора Шабани .На програмата секоја работен ден, од 16:30 и понеделник во 20:40 часот .
Хитови низ годините – За прв пат на АЛСАТ-М се емитува долго очекуваната емисија со албанска народна музика . Во неа освен гостувањето на најдобрите естрадни албански пејачи ќе се дискутира и за вредностите на народната песна. Водителка на емисијата е Yllka Kaba. Секоја недела во 15:00 часот
ЕКОНОМСКИ МАГАЗИН – Емисија за сите случувања во економијата,во земјава, во регионот и пошироко. Нема политика туку само презентирање на фактите од кои ни зависи како живееме, подобро или полошо. Емисија која е отворена за сите, од врвни економисти па се до работниците, кои мака мачат како да спојат крај со крај. Значи, објективно и непристрасно до навремена и точна информација. Емисијата ја води Горан Теменугов и се емитува секоја недела, 18:30 часот.
Добра Земја – Емисија за земјоделието и производство на храна. Во мозаикот на снимени прилози за работата на нашите фармери во емисијата се поместени и интересни прилози за производството и обработката збогатени со најдобрите совети од професионалци и експерти. Се емитува секоја недела во 10:30 часот, реприза во четврток 14:00 .
Слободна Европа – Неделно интервју со релевантни соговорници на актуелни теми. Емисијата е заеднички проект на АЛСАТ – М телевизија и Радио Слободан Европа . Се емитува секоја недела во 16:15 .
Ако знаеш, знаеш – Интерактивен квиз, кој се развива помеѓу телефонските јавувања, каде ќе имате можност да одговорите, на поставените прашања, од каде освен вашето знаење ќе имате можност да бидете добитници на одредена количина на пари, се подразбира ако вашите одговори ќе бидат точни.Секоја сабота и недела од 17:00
Документарни филмови – Исто така на Тв Алсат – М, можете да проследите и документарци од некој области како што се политика, култура, спорт, здравје откупени од Deutche Welle и ББС синхронизирани на Албански. Наспроти него на противничката фотелја седат членови на глобалната дружина, раководени од најбогатите фамилии, кои што им штетат на општеството.
Berta in Motion – Еден туристички документарец, каде ви се презентира, најегзотичните и најатрактивните туристички места, низ целиот свет. Ако не следите ќе имате можност да ги гледате најубавите места на Турција , Грчка, Бахами, Египет, Флорида и др.
Албански Игран Филм – на програмата на Алсат – м, нема да недостига и емитување на Албанскиот игран Филм . Ќе имате можност да ги гледате сите албански филмови од Албанската филмска кинематографија .Секоја сабота 10:00 часот .
Изгубени години – Уште една ТВ новела од турското говорно подрачје, којашто постигнува неверојатен успех во Македонија. Приказната за двете момчиња и девојчето, кои од мали ќе бидат разделени во сиропиталиштето, во кое растеле. 20 години подоцна, нивните животи повторно ќе се вкрстат. Едниот од нив е полицаец, другиот е криминалецот, а девојчето е докторка. И покрај тоа што животот сурово ги разделил, полека, но сигурно, тие повторно ќе се приближат.
Се емитува секој петок и сабота од 18:30 и реприза сабота и недела од 11:30
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |






