ALSAT-M: Заврши средбата на министрите од Групата Г-7 Заврши средбата на министрите од Групата Г-7 ================================================================================ Petar on 07/02/2010 13:28:00 Мерките за излез на глобалната економија од кризата даваат резултати. Ова беше општото мислење на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Групата Г-7 по завршувањето на состанокот во канадскиот град Икалуит. Се дискутираше за потребата од регулирање на активностите на финансиските институти, зголемувањето на капиталот на Светската банка и долгорочна помош за Хаити. “Процесот на враќање на економијата по кризата сè уште трае, но веќе постојат позитивни знаци, дека најлошото е минато“, истакна на состанокот канадскиот министер за финансии Џим Флаерти. Европските земји членки на Г-7 им порачаа на САД, Јапонија и Канада да бидат сигурни дека Грција ќе биде доследна на своите ветувања и дека ќе ги намали своите буџетски дефицити до крајот на 2012 година. Земјите од Г-7 планираат да ги поедностават долговите на Хаити кон нив и повикуваат и другите меѓународни кредитори да го следат таквиот пример. Иако нема добиено прецизни податоци, се верува дека всушност долговите на Хаити во Г-7 се доста мали. Најголемите доверители на оваа карипска држава се Венецуела и Тајван. Групата седум ги опфаќа Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД. АЛСАТ Извори: www.dw-world.de