ALSAT-M Македонски: Бајден: Израел и Палестина да не доцнат со мировните преговори Бајден: Израел и Палестина да не доцнат со мировните преговори ================================================================================ Petar on 11/03/2010 12:20:00 Американскиот потпретседател Џо Бајден кој е во посета на Блискиот Исток изјави денеска дека не смее да има задоцнување во продолжувањето на мировните преговори меѓу Израел и палестинските власти. Според него, тоа треба да се случи и покрај израелските планови за изградба на нови населби во Источен Ерусалим. Бајден сепак, ја критикуваше одлуката на Тел Авив токму во овој период да донесе одлука за градење, но нагласи и дека Соединетите Американски Држави немаат подобар пријател од Израел. Во меѓувреме, палестински претставници оценија дека е многу тешко во ваква ситуација да продолжат било какви преговори со Израелците.