ALSAT-M: Костарика доби прва жена претседател Костарика доби прва жена претседател ================================================================================ Alsat M on 08/02/2010 07:15:00 За прв пат во историјата на земјата, Костарика ќе ја предводи жена. 50-годишната Лаура Чинчила на вчерашните претседателски избори освои 47 проценти од гласовите наспроти 25-те проценти на главниот противкандидат од опозицијата, Отон Солис. Поранешната потпретседателка на земјата вети дека ќе ја продолжи политиката на претходникот за слободен пазар и борба против криминалот, насилството и шверцот на дрога. Костарика инаку важи за една од најстабилните држави во Латинска Америка. Во 1949-та година земјата ја укина армијата, а во последните години акцентот е ставен на туризмот и напредна еколошка политика. AFP