ALSAT-M: Авганистан:Егзодус пред офаназива Авганистан:Егзодус пред офаназива ================================================================================ Alsat M on 08/02/2010 13:40:00 Жители од селата во јужната авганистанска провинција Хелманд масовно ги напуштаат нивните домови во пресрет на офанзивата на силите на НАТО насочена против Талибанците кои го контролираат регионот. Авиони на НАТО изминатиов викенд фрлаа летоци во градот Марја за да го предупредат цивилното население. Според информации на локалните власти, околу 35 илјади луѓе веќе го напуштиле регионот. Операцијата „Моштарак“ се очекува да почне во наредните денови и да биде една од најголемите против востаниците од почетокот на војната во Авганистан пред девет години. Покрај тоа, таа е првата голема акција откако американскиот претседател Барак Обама објави засилување на ИСАФ со дополнителни 30 илјади американски војници.