Насловна | Вести | Земја | Низ Македонија митинзи за поддршка на Ердоган

Низ Македонија митинзи за поддршка на Ердоган

Големина на текст: Decrease font Enlarge font

„Со тебе сме“, “Исправи се, не покорувај се, Балканот е со тебе“, ова беше мотото на манифестациите што се одржаа во Скопје и во Гостивар, во знак на поддршка на турскиот премиер, Реџеп Таип Ердоган. Учесниците велат дека Ердоган е симбол на развојот во последните 10 години во Турција, Балканот и пошироко. Поддршката за Турција, ја носеше и пораката за големиот пријател на Албанците.

“...ако некој народ треба да биде благодарен кон неговата влада, тоа најмногу треба да биде турскиот народ. Освен тоа, ние чувствуваме морална обврска да дадеме поддршка за пријателскиот турски народ, изразувајќи ја благодарноста на Албанскиот народ кој во најтешките моменти, секогаш ја имал на помош Турција, особено имајќи го предвид пријателството и поддршката на премиерот Ердоган“, рече Скендер Реџепи, претседател на здружението “Елита“.

“...секогаш ќе го поддржуваме почитуваниот Реџеп Таип Ердоган, лидерот на регионот, кој направи многу за Турција, човек кој не се интересира само за неговите проблеми, туку и за проблемите на блиските и роднините“, рече Фуад Хаџитаип, претседател на младинскиот форум на ТДП.

“Тука сме за да му дадеме поддршка на Ердоган. Според мене, тој е најдобриот премиер...“

“Тука сме за да му дадеме поддршка на Ердоган, бидејќи сметам дека тој е најдобрата опција за Турција, особено тоа го покажа во последните 10 години додека е на власт. Тој за сите е добар, тој таа добрина ја одразува и во регионот, за Албанците. Тој е наш голем пријател“, рекоа анкетираните граѓани.

Во Гостивар, освен поддржувачи од цела Македонија, присуствуваа и претставници на Турската Демократска Партија на Косово.

Валмир Куќи

Додај: Add to Facebook Facebook| Add to Twitter Twitter |
image
Последни од - Земја

Времето денеска променливо со повремен пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура се
  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
АЛСАТ-М на Македонски јазик