Насловна | Вести | Земја | Молк за именувањето на жичарницата на Шапка

Молк за именувањето на жичарницата на Шапка

Големина на текст: Decrease font Enlarge font

Никој од раководството на Попова Шапка не ги коментира тврдењата на енергетската компанија ЕЛЕМ дека жичницата го добила името Свети Илија во 1998 година. Директорите Перо Стојановски и Беким Селами неколку дена одбиваат да се изјаснат за ова прашање со образложение дека им е забрането од ЕЛЕМ.

Од посочениот период досега се смениле многу директори на Попова Шапка - од Менан Мемети, кадар на ДПА, Абедин Имери, исто така од ДПА, Адем Неим од ДУИ, Алајдин Асани од ДПА, па сѐ до актуелните паралелни директори Перо Стојановски и Беким Селами од ДУИ.

Единствениот кој проговори е Менан Мемети, кој беше директор во периодот од 1999 до 2001 година. Тој негира дека во тој периодот патеката или жичницата биле именувани „Свети Илија“.

„Никогаш немало расправа за именување така како што се именува – „Свети Илија“, што за мене е големо изненадување. Никогаш не е расправано за оваа работа. Беше само патеката Поток и Аеродром, а жичницата немаше име. Бидејќи не знае ни актуелниот генерален директор кој можел да го стори тоа, јас не можам да дадам свое мислење, но за Албанците е големо разочарувачко изненадување“, изјави Менан Мемети, поранешен директор на Попова Шапка.

Според информациите на Алсат, никој од овие директори не иницирал промена на имињата на патеките во Попова Шапка, а секоја година потпишувале контролни документи кои порано се правеле од Машинскиот факултет. 

Од Општината која вчера за овој случај ја обвини енергетската компанија ЕЛЕМ денеска изјавија дека со новите законски измени, уште од март минатата година, на Општина Тетово ѝ се дадени ингеренции за менаџирање на Попова Шапка и на градежното земјиште.

“Општина Тетово, ќе преземе иницијатива за промена на имињата кои не кореспондираат со актуелната реалност и околностите и се очекува на дневен ред да бидат и патеката и жичницата на Попова Шапка со име Свети Илија„, ни рече по телефон претседателот на општинскиот совет, Хисен Џемаили.

Вчера ЕЛЕМ преку соопштение ги отфрли тврдењата дека именувањето е направено од нив. Од компанијата велат дека се одговорни само за одржувањето на патеката и на жичницата, а не и за нејзиното именување.

Башким Сулејмани

Додај: Add to Facebook Facebook| Add to Twitter Twitter |
image
Последни од - Земја

Адеми: Материјалот за екстерно не е класифицирана информација

Испитниот материјал за екстерното тестирање на учениците, според Министерот за образование, не е класифицирана информација иако во Законот за Државен испитен центар го пишува спротивното.
  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
АЛСАТ-М на Македонски јазик