Насловна | Интернет ТВ | Занимливости | Интелигентно решение на малите екологисти

Интелигентно решение на малите екологисти

Големина на текст: Decrease font Enlarge font

Во срцето на Африканската савана постои град кој претставува модел на еден совршен развиток. Неговите потпорни столбови се изградени од природни, био-разградувачки материјали, додека жителите живеат и работат во квартови чија вентилација и влажност на воздухот се регулираат без да биде потрошен еден единствен волт од енергија. Водоснабдувањето е од бунари кои се наоѓаат длабоко во земјата, а храната се култивира самата во градините во внатрешноста на ѕидините. Оваа престолнина не само што е еколошка, туку со својата несекојдневна архитектура претставува и вистинска убавина за очите.

Заборавивме да напоменеме дека не станува збор за град во кој живеат луѓе, туку ова прекрасно чудо на природниот инстинкт е живеалиште на термити, односно мравјалник.

Да објасниме, внатрешноста на мравјалникот е богата со остатоци од тревки и гранчиња, односно со целулоза. Целулозата е компонента која мравките не можат да ја искористат во исхраната, иако ја има во толку големи количини. За да си ја олеснат работата, наместо да одат да собираат храна, термитите засејуваат еден вид габи кои се способни целулозата да ја преработат во материја која овие инсекти можат да ја користат како храна.

Секако, засеаните габи бараат посебни микроклиматски услови за да можат да виреат, поточно, имаат потреба од специфична влажност и температура на воздухот. Сето ова добро го знаат овие умни главчиња, па архитектонската структура која ја изградуваат, ја прават на еден мошне специфичен начин кој овозможува вентилација која се заснова на физичко-хемиските разлики на воздухот кој е внатре во мравјалникот и оној кој е во атмосферата.

Имено, температурата од метаболизмот на габите и онаа од метаболизмот на мравките предизвикува одредено загревање на воздухот во мравјалникот и негово заситување со јаглероден двооксид, кој од своја страна е полесен од воздухот. Топлиот воздух, богат со јаглероден двооксид поради својата помала специфична тежина од атмосферскиот воздух почнува да се искачува низ каналите во мравјалникот излегувајќи надвор од него. Истовремено, додека се случува тоа, внатре во живеалиштето се создава вакуум кој предизвикува навлегување, т.е вшмукување на потешкиот атмосферски воздух богат со кислород.

Решение кое им го одржало животинскиот вид повеќе милениуми...

Современите научници, веќе го имаат забележано овој феномен и веќе се подготвуваат да го применат во некои од современите градби во развиените метрополи.

Подготвил: П.Б.
Извор: www.newscientist.com

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (1 Пратен):

Vasil 26/02/2010 08:52:54
avatar
Aman, sto ne davate poveke vakvi prilozi vo vesti site televizii. Samo politika i gluposti.
Палец горе Палец доле
1
Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
Me teper