Насловна | Интернет ТВ | Занимливости | Чудесниот музеј на Волт Дизни

Чудесниот музеј на Волт Дизни

Големина на текст: Decrease font Enlarge font

Кој не знае за Волт Дизни, благодарение на кого постојат Мики Маус, Пајо Паторот, Пинокио, Снежана и седумте џуџиња?  За забавните паркови што го носат неговото име и да не говориме. 

Сега постои и музеј за Дизни, отворен кон крајот на минатата година во Сан Франциско, а сочинет од неколку згради од црвена цигла, на околу пет минути со автомобил од мостот Голден Гејт.



„Музејот е навистина за човекот - Волт Дизни.  Дизни добил вкупно 932 награди за тоа што го постигнал, а тука имаме изложено 248“, вели Ричард Бенефилд, директор на музејот.

Триесет и две од нив се Оскари.  Дизни има повеќе Оскари од кој и да е друг. 

Волт Дизни доаѓа на овој свет 1901-ва во Чикаго.  Љубовта кон цртањето на 20-годишна возраст го донела во Холивуд.  Работел на анимирани серии, но вистински пробив направил со креирањето на Мики Маус.  Мики настанал на патување со воз од Њујорк кон Холивуд во 1928 кога Волт со сопругата Лили го смислил името што стана темел на „кралството“ Дизни.

Волшебниот свет на Дизни-анимациите го загуби својот стожер во 1966-та кога Волт почина на 65-годишна возраст од рак на белите дробови.

Но, затоа остана Дизниленд.  А таму и до денес живеат Мики Маус, Пајо Паторот, Пинокио, Снежана и седумте џуџиња, Петар Пан, сто и еден далматитинец и други ликови - магнет и за децата, и за ворасните.


www.voanews.com

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
Me teper