Миграција или бегство на диносаурусите
Археолозите во источната провинција на Кина, Шангдонг соопштија оти откриле над 3.000 траги за кои се претпоставува дека припаѓаат на шест диносауруси кои се движеле во иста насока. Трагите биле откриени во карпеста површина во градот Хуангуа и се смета оти припаѓаат на тираносаурусите, коелуросаурусите и хадросаурисите.
Експертите истражуваат дали трагите покажуваат знаци на миграција или панично бегање на овие суштества. Стапалките кои се долги од 10 до 18 центиметри припаѓаат на периодот од пред 100 милиони години.
Карпестата површина каде што се пронајдени овие отпечатоци се наоѓа во близина на Жуценг каде се пронајдени 30 места со фосили на диносауруси.
Арди Пулај



-

Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb
Испрати коментар