Папуљас со нов мандат
Грчкиот претседател Каролос Папуљас денеска доби нов петгодишен мандат. Утринава доби поддршка од 266 пратеници во грчкото Собрание. Беше предложен за уште нов мандат по иницијатива на владејачката партија ПАСОК на актуелниот премиер Јоргос Папандреу. Поддршка му дадоа и од опозициската Нова Демократија и националистичката ЛАОС. Воздржани беа пратениците од Комунистичката партија и радикалната левица-Сириза. Со денешниот реизбор, Папуљас станува трет грчки претседател кој добил втор мандат, после Константинос Караманлис и Константинос Стефанопулос. Свечената инаугурација е закажана за 12 март. Реизборот на Папуљас денеска му го честиташе и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
>>> Регион
САД ќе го намали бројот на војниците во Косово
Соединетите Држави ќе повлечат 570 војници од Косово во наредните два месеца. До крајот на Мај во Косово ќе има околу 830 американски војници во ...
Папандреу денеска се среќава со Обама
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу предупреди дека долгот на неговата земја може да доведе до втора светска економска криза. Тој пред средбата со американскиот претседател Барак ...
КФОР и КБС ги надминаа недоразбирањата
Официјална Приштина соопшти дека се надминати недоразбирањата со КФОР кој донесе одлука за замрзнување на односите со Косовските безбедносни сили, откако претставници на оваа формација ...
КФОР ја прекина работата на Косовските безбедносни сили
Меѓународната мировна мисија во Косово, КФОР, предводена од НАТО, вели дека привремено ја суспендира работа на Косовските безбедносни сили (КБС), бидејќи нејзините припадници се појавија ...
Словенија веќе нема да ја блокира Хрватска на патот за ЕУ
Словенија веќе не сака да стои на патот за прием на Хрватска за членство во Европската унија, изјави во Кордоба шефот на дипломатијата на Словенија, ...
“Епопеја на ОВК“- Косовското раководство се поклони на Преказ
Претседателот Фатмир Сејдиу, резиденцијата на семејството Јашари ја нарече пример за наредните генерации, не само за Албанците, туку и за сите други луѓе во светот ...
Во Грција повторно протести
Во Грција и денес неколку илјади лица излегоа на улица на протести против владиниот пакет за штедење. Во Атина имаше насилни судири со безбедносните сили ...
Тачи: Поделбата на Косово ќе ги отвори прашањата за балканските граници
Поделбата на Косово би го отворило прашањето за поделбата на границите во Балканот, затоа никој не е интересиран за отворање на оваа прашање, изјави премиерот ...
Косово - Започна манифестацијата “Епопеја за ОВК“
Со воена парада на Гардата на Косовските Безбедносни Сили, во центарот на Приштина, почна манифестацијата на одбележување на 12-годишнината на "Епопејата на Ослободителната Војска на ...
Србија - Уапсен полицаец под сомнение за убиство на македонскиот Албанец
Министерство за внатрешни работи на Србија денеска соопшти дека уапсила српски полицаец под сомневање дека вчера го убил македонскиот Албанец, четириесетгодишниот Махир Јакупи на паркинг ...
Грција - Синдикатот ја опколи зградата на Министерството за финансии
Само еден ден откако владата на Папандреу го одобри новиот пакет за намалување на буџетскиот кусок, ситуацијата во соседна Грција е тензична. 300 претставници од ...
Папандреу: Грција ја очекува солидарноста на Европа
Грција ја очекува солидарноста на Европа, за да се справи со финансиската криза, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска по седницата на Владата, на која ...
Грчката Влада усвои нов пакет мерки за излез од кризата
Грчката Влада одобри денеска нова програма за излез од финансиската криза, трета во изминатите месеци, која има цел да го намали големиот буџетски дефицит и ...
Земјотреси му се закануваат на Јадранското крајбрежје и на Косово
Серијата земјотреси во светот, по Хаити и по Чиле, продолжи со потреси со среден интензитет на Филипините, во Киргистан и во Турција. По тој повод, ...
Тања Фајон: Организирани групи даваат лажни ветувања за азил
Известувачот на Европскиот парламент за визната либерализација Тања Фајон ги повика властите во Македонија и во Србија да спроведат информативна кампања, преку која ќе ги ...
Прегледај ја архивата
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар