Бугарскиот парламент ја ратификува спогодбата за „Набуко“
Бугарскиот парламент денеска ја ратификува спогодбата за изградба на гасоводот „Набуко“, што замјите учеснички го потпишаа минатата година.
Бугарија со ова стана втората држава, по Унгарија, која го ратификува договорот, пренесуваат агенциите.
Покрај Бугарија и Унгарија, спогодбата за изградба на гасоводот, во јули минатата година, ја потпишаа и Романија, Турција и Австрија.
Спогодбата за испорака на земен гас од земјите на Блискиот исток и прикасписките региони во Европа, за да се намали зависноста на ЕУ од рускиот гас, ориентационо е вреден 7,9 милијарди евра.
Првите испораки преку гасоводот „Набуко“, со проектиран капацитет од 31 милијарди кубни метри гас годишно, планирани се за 2015 година.
Акционери во проектот се германската компанија „РВЕ“, австриската „ОМВ“, унгарскиот „МОЛ“ , романскиот „Трансгас“, бугарскиот „Билгаргас“ и турската „ Ботас“.
МИА
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар