Насловна | Регион | Косово - Еден од главните приоритети на надворешната политика на ЕУ

Косово - Еден од главните приоритети на надворешната политика на ЕУ

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Новиот шеф на дипломатијата на Европската Унија, британката Кетрин Астон изјави дека Косово е едно од најголемите предизвици на надворешната политика на ЕУ, заедно со напорите за приближување на ставовите на Кина и Русија кон оние на Европа, за односот кон Иран и неговата нуклеарна програма, како и создавањето на европска дипломатска служба, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во разговор за „Фајненшл Тајмс“, баронеса Астон вели дека остануваат и натаму разликите околу признавањето на косовската независност, што се гледа и во тоа што пет од 27 земји членки на ЕУ одбиваат да го признаат Косово како независна држава, што таа го објаснува како пример кој ја покажува ограничената можност на Унијата. Според новиот висок комесар за надворешна политика, кој со Лисабонската спогодба има поголеми овластувања од претходникот Хавиер Солана, во случајот на Косово и покрај разликите околу признавањето, постои „целосно единство“ кога станува збор за суштинската програма на ЕУ, што сега почнува да се формира, а со која треба да ñ се поомогне на новата држава да застане на нозе.

Како шеф на европската дипломатија таа треба да ги спроведува и претставува ставовите од програмата. Кога меѓу членките на ЕУ нема согласност околу некое прашање, како во случајов со косовското, земјите водат разговори за тоа, објасни за „Фајненшл Тајмс“ баронеса Астон.

Таа е поранешен комесар за трговија, која на тоа место го замени Питер Менделсон кога тој беше назначен за министер во Владата на премиерот Гордон Браун. Лондонскиот весник и натаму инсистира дека на првиот европски дипломат, баронеса Астон и недостига самоувереноста на еден обучен дипломат, неопходна за политичар кој раководи со надворешната политика на ЕУ.

миа

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Регион
Previous
image
Грција ќе биде парализирана од нов 24-часовен штрајк
Грција денеска ќе биде парализирана од нов 24-часовен штрајк организиран од двата најголеми синдикати во државата поради рестриктивните мерки на Владата.Поради штрајкот ќе биде блокиран ...
image
НАТО ќе ја обнови обуката на Косовските сили за безбедност
НАТО соопшти дека ќе ја обнови обуката на Косовските сили за безбедност, откако косовските лидери се согласија силите да немаат воена улога.Проблемот се случи, откако ...
image
САД повлекуваат 570 војници од Косово
САД во следните два месеца од Косово ќе повлечат 570 војници, во рамки на реконструкцијата на КФОР, пренесоа денеска приштинските медиуми. -До крајот на мај, ...
image
Неизвесно одржувањето на Конференцијата за Западен Балкан во Словенија
Премиерот на Словенија Борут Пахор денеска соопшти дека испратил претставник во Загреб и Белград со цел решавање на спорот околу учеството на Косово на Конференцијата ...
image
Грците без визи во САД
Американската влада ја вклучи Грција на списокот држави, чии граѓани веќе немаат потреба од визи за патување во САД, соопшти министерот за внатрешна безбедност на ...
image
Ѓукановиќ најави повлекување, но не кажа кога
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ синоќа изјави дека планира да се повлече од функцијата во текот на мандатот на актуелната Влада, но одби да прецизира кога ...
image
САД ќе го намали бројот на војниците во Косово
Соединетите Држави ќе повлечат 570 војници од Косово во наредните два месеца. До крајот на Мај во Косово ќе има околу 830 американски војници во ...
image
Папандреу денеска се среќава со Обама
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу предупреди дека долгот на неговата земја може да доведе до втора светска економска криза. Тој пред средбата со американскиот претседател Барак ...
image
КФОР и КБС ги надминаа недоразбирањата
Официјална Приштина соопшти дека се надминати недоразбирањата со КФОР кој донесе одлука за замрзнување на односите со Косовските безбедносни сили, откако претставници на оваа формација ...
image
КФОР ја прекина работата на Косовските безбедносни сили
Меѓународната мировна мисија во Косово, КФОР, предводена од НАТО, вели дека привремено ја суспендира работа на Косовските безбедносни сили (КБС), бидејќи нејзините припадници се појавија ...
image
Словенија веќе нема да ја блокира Хрватска на патот за ЕУ
Словенија веќе не сака да стои на патот за прием на Хрватска за членство во Европската унија, изјави во Кордоба шефот на дипломатијата на Словенија, ...
image
“Епопеја на ОВК“- Косовското раководство се поклони на Преказ
Претседателот Фатмир Сејдиу, резиденцијата на семејството Јашари ја нарече пример за наредните генерации, не само за Албанците, туку и за сите други луѓе во светот ...
image
Во Грција повторно протести
Во Грција и денес неколку илјади лица излегоа на улица на протести против владиниот пакет за штедење. Во Атина имаше насилни судири со безбедносните сили ...
image
Тачи: Поделбата на Косово ќе ги отвори прашањата за балканските граници
Поделбата на Косово би го отворило прашањето за поделбата на границите во Балканот, затоа никој не е интересиран за отворање на оваа прашање, изјави премиерот ...
image
Косово - Започна манифестацијата “Епопеја за ОВК“
Со воена парада на Гардата на Косовските Безбедносни Сили, во центарот на Приштина, почна  манифестацијата на одбележување на 12-годишнината на "Епопејата на Ослободителната Војска на ...
Next
Прегледај ја архивата
first first март, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31