Конузин: Приклучувањето на Србија во НАТО е признавање на Косово
Рускиот амбасадор во Србија Александар Конузин ја предупреди Србија дека чинот на приклучување во НАТО значи формално признавање на независноста на Косово, затоа што воената организација не го сметала Косово за дел од територијата на Србија.
Конузин во интервју за порталот „Економист“ ù порача на Србија дека ако продолжи кон НАТО би можела да си ги загрози традиционално цврстите врски со Москва. „Само наивните луѓе веруваат во НАТО“, изјави тој. Во меѓувреме пак, амбасадорката на САД во Белград, Мери Ворлик, изјави денска за агенцијата Бета дека на Србија ù се отворени вратите за членство во НАТО, но тоа е одлука која земјата сама мора да ја донесе.
Ворлик додаде дека САД сосема ги поддржува европските и евроатланските аспирации на Србија и оти прават сè за да ù помогнат на државата да ја оствари таквата цел.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар