Рогозин: “Не можеме да бидеме поголеми Срби од Србите“
Ако Србија сака да влезе во НАТО, ќе треба да се откаже од Косово, по што и Русија ќе биде принудена повторно да го разгледа својот став за покраината. „Не можеме да бидеме поголеми Срби од Србите“, изјави за српскиот весник „Блиц“ постојаниот претставник на Русија во Алијансата Дмитриј Рогозин, во одговор на полемиката која што настана во Србија за можното членство на земјата во Алијансата.
- Независноста на Косово не ја признаа сите земји-членки на НАТО. Како што е познато тоа се Шпанија, Грција, Романија и Словачка. Но и согласно со меѓународното право и согласно Уставот на НАТО, таквата ситуација е пречка за влезот на Србија во Алијансата.
- Бидејќи позицијата на повеќето земји од НАТО нема да се промени, тоа значи оти Алијансата може да ја прими Србија во своите редови само во „нејзините нови граници“ - без Косово. Белград ќе треба официјално да го признае суверенитетот на Приштина, што природно ќе доведе до промена на позицијата и на Мадрид и на Москва. Ние просто нема да имаме аргументи, како што кажа министерот за надворешни Сергеј Лавров, „да бидеме поголеми Срби од Србите“, рече Рогозин.
Тој истакна оти не ја разбира позицијата на оние претставници на српската политичка и воена елита, кои сакаат Србија да стане членка на НАТО.
Рускиот амбасадор во Белград Александар Конузин изјави вчера дека со присоединувањето кон НАТО Србија би ја признала независноста на Косово, затоа што, според него, „таа воена организација не го смета Косово за дел од Србија“.
миа
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар