Милошоски-Мета:Односите меѓу Македонија и Албанија добри
Односите меѓу Македонија и Албанија се добри, но потребно е да се работи на продлабочување во економската сфера, оценија денеска на прес-конференција во Тирана министрите за надворешни работи Антонио Милошоски и Илир Мета. Клучни се, како што беше истакнато, проектот на Коридорот 8, како и зајакнувањето на билатералните и трговските односи и соработката и размената на искуства во однос на евроинтеграциските процеси, јави известувачот на МИА.
- Ќе продолжиме да ја градиме Македонија како модел на мултиетничко и демократско општество на претстојниот попис идната година. Граѓаните на Албанија ќе можат да ја изразат својата национална припадност и вероисповед. Тоа ќе биде добра можност за Македонците кои живеат во Албанија како лојални граѓани да ја изразат својата национална припадност и да станат поинтегриран дел на албанското општество, изјави Милошоски.
Претходно, двајцата министри потпишаа протоколи за соработка меѓу двете министерства и за соработка меѓу Директоратот за дипломатска едукација при МНР на Македонија и Дипломатската академија при МНР на Република Албанија.
Шефот на македонската дипломатија ќе има обраќање пред слушателите на Дипломатската академија во Тирана, а потоа ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бамир Топи, претседателот на Собранието Јозефина Топали и со албанскиот премиер Сали Бериша
МИА
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар