Македонските кошаркари уште еднаш ги победија репрезентативците на Катар
Најдобрите македонски кошаркари не дозволија никакво изненадување и победија во вториот дуел против репрезентативците на Катар, во рамките на двомечот што се играше во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.
Македонската кошаркарска репрезентација славеше со убедливи 79-61 во вториот контролен натпревар. Избраниците на Маријан Докузовски во целиот тек на натпреварот имаа контрола врз играта и резултатот. Најпрецизни на вчерашниот натпревар во нашите редови беа Гечевски со 18 и Антиќ со 14 поени.
Натпреварите против Катар беа последната подготовка на македонската репрезентација за квалификациите за ЕП што започнуваат на 2 август со гостувањето во Украина.
Инаку, двомечот против Катар беше изнудена замена за најавениот „Трофеј Македонија 2010“, на кој беше предвидено учество уште и на селекциите на Брегот на Слоновата Коска и на Црна Гора, кои во последен миг го откажаа доаѓањето во Охрид.
МИА
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар