Австралиската телевизија “Фокстел“, го претстави Пандев како Бугарин
Најгледаната телевизија во Австралија „Фокстел“, при еден нивен пренос Горан Пандев го претстави како да доаѓа од Бугарија. Како што се гледа на сликата каде е претставена формацијата на Интер, по презимето на Пандев стои податокот Бугарија, пренесува радио „ZZZ” од Мелбурн. До денеска нема официјална реакција од македонските организации во Австралија, односно не е ниту побарано од спортскиот уредник на телевизијата јавно да се извини, бидејќи со овој пропуст се навредени етничките Македонци во Австралија. Досега има само индивидуални реакции. Од радиото „ZZZ” , велат дека грешката не е случајна или некој пропуст. Според нив, ова е јасен преседан кој намерно е направен од страна на спортскиот уредник на австралиската телевизија „Фокстел“ која континуирано продолжува да ги прекршува мултикултурните принципи.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар