НБА:Брајант пресуден за победата на Лејкерс
Синоќа на НБА програмата се одиграа осум натпревари. Актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс ги победи Торонто Репторс, при што Коби Брајант ги постигна клучните поени. Со ова, актуелните шампиони го прекинаа негативниот биланс од три порази по ред во исто толку натпревари. Брајант натпреварот го заврши со 32 поена од кои 14 во последната четвртина. Победоносните погодоци ги постигна на 1,9 секунди пред крајот на натпреварот. Во другите пресметки, Орландо успеа да ја порази втората екипа од Лос Анџелес, Клиперси, со 113-87. Мајами не дозволи да биде изненаден од Шарлот, а Хјустон со 96-88 беше подобар од Вашингтон.
Орландо – Л.А. Клиперс 113-87
Шарлот – Мајами 83-78
Вашингтон – Хјустон 88-96
Милвоки – Бостон 86-84
Портланд – Сакраменто 88-81
Л.А. Лејкерс – Торонто 109-107
Чикаго – Јута 108-132
Индијана – Филаделфија 107-96
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар