Насловна | Спорт | Иако испратен со бели марамчиња, Пелегрини не помислува на оставка

Иако испратен со бели марамчиња, Пелегрини не помислува на оставка

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Иако навивачите на Реал Мадрид синоќа ги испратија ѕвездите на “кралевите“ со бели марамчиња во соблекувалните по елиминацијата од Лион, нивниот тренер Мануел Пелегрини, ужива поддршка од челниците на тимот. Шпанските медиуми, особено оние кои го поддржуваат Реал, денеска беа преполни со критики бидејќи тимот шести пат по ред е спречен да влезе во осминафиналето во Лигата на шампионите. По потрошените 240 милиони евра за фудбалери како Кристијано Роналдо и Кака, навивачите на Реал Мадрид очекуваа тим од соништата кој би ù ставил крај на доминацијата на Барцелона.
Тренерот на “кралевите“, Мануел Пелегрини, ја доби целосната поддршка за неуспехот на неговиот тим и не ни помислува да даде оставка.

“Не, воопшто не го помислувам тоа. Тоа е прашање за управата на тимот. Моментално сум фокусиран само за успехот во Ла лига, бидејќи тоа е трофејот кој имаме шанси да го освоиме. Меѓутоа, од друга страна, многу сум разочаран поради раната елиминација од Лигата на шампионите“, рече Пелегрини.

Генералниот директор Хорхе Валдано му даде поддршка на тренерот, но сепак Пелегрини не треба да се чувствува сигурен бидејќи „кралевите“ од 2003 година по заминувањето на Висенте дел Боске, разрешија девет тренери. Пелегрини на клупата на Реал може да остане само со освојување на шампионската титула во домашната прва лига, каде моментално Реал е лидер на табелата, но актуелниот шампион Барцелона има ист број бодови и сè е можно. Во другиот натпревар одигран синоќа, Манчестер Јунајтед благодарение на прекрасната партија на Вејн Руни, го совлада Милан со висок резултат од 4:0.

Менсур Саити

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (0 Пратен):

Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Спорт
Previous
image
Марадона:Ме предадоа!
Ден откако беше разрешен од функцијата селектор на фудбалската селекција на Аргентина, Диего Марадона, ги критикуваше двајцата високи претставници на Аргентинската фудбалска федерација, Хулио Гродон ...
image
Червар останува тренер само на Металург
Хрватските медиуми денеска ја објавија веста дека тренерот на нивната машка ракометарска репрезентација Лино Червар кој е воедно и сегашен тренер на Металург од Скопје ...
image
Фудбалерите на Реал стигнаа во САД
Фудбалерите на Реал Мадрид денеска стигнаа во САД каде ги продолжуваат подготовките за новата сезона која стартува на 29 август. Ќе играат против Мајорка. Тренерот ...
image
Тренерот на Ливерпул Хоџсон стравува пред мечот со Работнички во Скопје
- Тренерот на Ливерпул Рој Хоџсон изјави дека стравува за исходот на натпреварот со Работнички во Скопје, затоа што поради ситуацијата во која се наоѓа ...
image
Комплетирано третото квалификациско коло од Лигата на шампионите
Со одигрувањето на синоќешните девет натпревари беше комплетирано третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Најубедливи победи постигнаа Партизан и Брага кои со 3:0 ги ...
image
Адеми без финале на У-19
Хрватската фудбалска репрезентација за фудбалери под 19 години, не успеа да се квалификува во големото финале на Европското првенство, што се одржува во Франција. Во ...
image
Рожман со слаб резултат на ЕП
Македонскaта атлетичарка Ивана Рожман  го освои последното 31 место во квалификациите на 100 метри на Европското првенство во Барцелона. Рожман денеска истрча за 12,90 секунди ...
image
Познат тимот за Малта
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз, денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат на Малта за контролниот меч кој треба да се ...
image
Македонските кошаркари уште еднаш ги победија репрезентативците на Катар
Најдобрите македонски кошаркари не дозволија никакво изненадување и победија во вториот дуел против репрезентативците на Катар, во рамките на двомечот што се играше во спортската ...
image
Мајкон оди во Реал
Според италијанските медиуми Интер и Реал Мадрид постигнале договор за трансфер на Мајкон во Реал. Десниот крилен бек, Мајкон ќе потпише четири годишен договор и ...
image
Познати противниците на Вардар Про и Челинџ Тиквеш
По извлечената ждрепка во Виена  се знаат кои се  противничките екипи за Европскиот куп од Македонија. Вардар Про ќе се соочи со екипата на Брехем ...
image
Ракомет:Играме портив Швајцарија, Грција и Азербејџан
Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во втората група во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Бразил догодина, заедно со селекциите на Швајцарија, ...
image
Најдобрите македонски кошаркари поуспешни од нивните противници од Катар
Македонските кошаркари со резултат 88 наспроти 60 ги совладаа репрезентативците на Катар, во рамките на првиот натпревар од двомечот што се игра во спортската сала ...
image
Раул се збогува од Реал
По 16 години во на мадридскиот стадион Сантијаго Бернабеу, шпанската легенда Раул Гонзалес Бланко, се прости со своите фанови и раководители на Реал Мадрид за ...
image
Рибери на прв тренинг
Френк Рибери го одржа првиот тренинг со тимот на Баерн од Минхен, по прогласувањето за осомничен од страна на француските власти под обвинение за сексуални ...
Next
Прегледај ја архивата
first first јули, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31