Напад врз канцеларија на хуманитарна организација во Пакистан
Вооружени мажи со гранати и автоматски орудија ја нападнаа канцеларијата на меѓународната хуманитарна организација „Ворлс вижн“, во северозападен Пакистан, соопштија светските агенции, дополнувајќи дека најмалку петмина вработени во организацијата се убиени.
-Сите жртви се Пакистанци, прецизира полициски началник, цитиран од американските медиуми.
Канцеларијата на „Ворлс вижн“ се наоѓа во предградие на Мансехра, град во близина на зоните каде армијата ја води операцијата против пакистанските талибанци.
Во Мансехра работат многу странски хуманитарни групи, кои помагаат во обновувањето на реонот по разурнувачкиот земјотрес од октомври 2005 година, кога загинаа 73.000 лица.
Според првичните податоци, напаѓачите се членови на исламистичка група
МИА
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар