Конференција:Влијанието на климатските промени врз здравјето
Висок процент од децата кои живеат во лоши социо-економски услови страдаат од алергии и други болести поради слабиот имунитет, како и поради нивната изложеност на надворешните услови. Последните податоци на Светската здравствена организација укажуваат оти 23 проценти од децата под 5 годишна возраст страдаат од болести предизвикани од влијанието на животна средина. Денеска во Парма почна Конференцијата на министри за здравство и животна средина организирана од европската канцеларија на Светската здравствена организација, на која 27 министри од 53 земји, како и голем број на експерти од оваа сфера во следните три дена ќе дебатираат за здравјето и климатските промени. Македонската делегација ја предводи министерот за здравство Бујар Османи. Во петок министрите ќе потпишат и декларација со која ќе се обврзат на граѓаните да им овозможат пристап до чиста вода за пиење, ќе придонесат за одржување на квалитетот на воздухот, а ќе се обврзат за поголема конктрола на отровните материи. Ова е петта ваква конференција организирана од Светската здравствена организација.
Од Парма за Алсат- М Фросина Пандурска – Драмиќанин.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар