Ахмадинеџад: НАТО не може да донесе мир во Авганистан
НАТО не може да донесе мир во Авганистан, изјави денеска иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад по пристигнувањето во Кабул.
- Ние не сметаме дека присуството на меѓународни сили во Авганистан е решение кое ќе доведе до воспоставување мир во земјата, истакна Ахмадинеџад на заедничка прес-конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
- Решението е во преземање контрола врз ситуацијата од страна на легитимната Влада на Авганистан", додаде иранскиот претседател.
Тој истакна дека Иран не игра никаква улога во прашањето за безбедноста во Авганистан и рече дека иранските власти од секогаш биле на страната на авганистанската Влада и народ во однос на безбедноста во Авганистан.
Ахмадинеџад денеска претпладне пристигна во Кабул, кусо време пред американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс да си замине од тридневната посета на Авганистан. За време на посетата Гејтс го обвини Техеран дека игра „двојна игра“ во Авганистан затоа што од една страна ја поддржува Владата, а од друга - талибанците.
Коментирајќи ја изјавата на Гејтс, иранскиот претседател рече дека не Техеран, туку САД играат двојна игра во Авганистан затоа што „се борат против тероризмот кој самите го создадоа“.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар