Братот на папата призна дека им удирал шлаканици на своите ученици
Братот на папата Бенедикт 16, Џорџ Рацингер призна дека им удирал шлаканици на децата од хорот во католичките германски училишта додека раководел со нив.
Рацингер кој го водел хорот од 1964 до 1994 година изјавил дека жали поради примената на сила врз учениците и побарал прошка за неговите постапки.
“Во почетокот ги удирав децата по ушите, но совеста постојано не ми беше чиста поради тоа. Бев среќен кога во 1980 година со закон беше забрането телесното казнување“-изјави Рацингер поздравувајќи го фактот што луѓето станале чувствителни по прашањето за насилство врз децата.
“Едноставно побарав жртвите да ми простат“-изјавил кусо Рацингер за германските медиуми.
Детскиот хор “Домспацен“ во Регенсбург е последната во низата католички институции во Германија која се најде сред обвинувањата дека свештеници ги злоупотребувале децата од кои најстарите биле на возраст од осум години.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар