Насловна | Веб колумна | Се соочуваме со кршење на рбетот на професијата

Се соочуваме со кршење на рбетот на професијата

Големина на текст: Decrease font Enlarge font
image

Пишува: Тамара Чаусидис

Влегов во ЗНМ пред 4 години затоа што сметав дека е хипокризија да критикуваш, а да не се обидеш да направиш нешто за професијата во која во тоа време и се случуваа афери од типот Фабрика, и астрономски суми за новинари кои се дрзнале да пишуваат против ликот и делото на Б.Ц. Ги слушнав срамните приказни дека во Извршен на ЗНМ имало сериозна дебата помеѓу оние кои сакале да ги земат парите што Младенов морал да ги исплати на Црвенковски, а овој пак сакал да ги „дарува“ на новинарите. Не сакав да дозволам тоа да биде оправдание за мојата неактивност.

Сите знаеме колку е комотно да критикуваш од страна, од сигурна дистанца. Решив да ми беше важно што ЗНМ не ги зема парите . Впрочем, се надевав дека онаа силна реакција ќе ги научи луѓето од раководството кои беа да се земат парите дека гледање сеир и молчење кога колега е во невоља не е и не смее да биде избор на едно Здружение на новинарите. Дури и од оваа перспектива сега, јас и натаму избирам да бидам наивна и да верувам дека македонските новинари со ЗНМ или без ЗНМ се кадарни за активизам, за одбрана на професијата и не ми е жал што тогаш – и покрај сигналите дека можеби грешам , јас решив да се зачленам.

Ми беше навистина чест да бидам дел од Советот и дадов се од себе нашиот придонес кон активностите на ЗНМ да биде значителен . Во овие три години многу пати реагиравме.. Колку тоа беше успешно, останува секој да суди според своите критериуми. Советот има неколку десетици соопштенија, реакции и упатства ..сé во насока на подобрување на квалитетот на новинарството. Направивме обид да испратиме порака до јавноста – дека не сé што се продава под „новинарство“ е навистина тоа! Ова можеби беше примарна активност на Советот, но не и единствена. Не реагиравме ние само за Латас или Томиќ само што единствено тие реакции го добија вниманието на колегите.

Советот на честа досега сигурно згрешил, регирал кога не треба, не реагирал кога треба. Но грешките се поправаат или не се повторуваат. Она што не може да се поправи се лузните што непрофесионалноста ги остава врз достоинството на фелата, врз сликата за сите нас што јавноста ја добива преку практикување на квази-новинарството!

Бевме и се уште сме на суд – докажуваме дека новинарот не смее да кажува невистини. Го добивме спорот , ама од Апелација го вратија на повторно судење. Неисе, случајот е во тек, па да не го коментирам... Професионалноста на македонското новинарство е сериозна тема за која вреди да се дебатира. Но тоа е сепак тема за некои поинакви, можеби подобри времиња. За жал, времињата се се само не добри.

Како што веќе реков кога ме прашаа – ние денес веќе не се соочуваме само со кршење на Кодексот на однесување, туку со кршење на кичмата на професијата која е понижена и посрамена поради што е неопходен артикулиран одговор на целата професија, а не само на телото за саморегулација какво што е Советот. Сакав да реагираме:

-заради воведената пракса за прогласување на предавници и платеници која веќе толку се засилува што прашање на ден е кога некој ќе си даде за право да не дисциплинира и малку поинаку отколку вербално и со закани.

-заради натрапниците во нашите редови. Заради фактот што под новинарство се продава чиста политичка пропаганда која не ги исполнува ниту основните професионални стандарди. Само човек што ги исполнува принципите на професијата – може да се нарече новинар. Кај нас ова правило не важи. И изгледа дека само новинарството е професија во која незанењето и непочитувањето на занаетот – те промовираат и ти прават кариера.

-заради срамната појава наречена „тематски пресконференции“ која молчешкум ја прифативме и извршивме пофесионална капитулација. Пред некој ден гледам како една средношколка со повишен тон ги опоменува новинарите дека не смеат да ја прашаат ништо надвор од темата за која е таа подготвена да говори. Срамота! И сите молчиме!

-заради ниското ниво на самопочит, малодушност и несолидарност кои владеат во фелата. Да излеземе да кажеме/покажеме дека сепак не е така, дека сепак сме свесни за својата сила, но и за својата одговорност. Дека можеме да ги смириме суетите во интерес на сите. Да го замениме цинизмот кој ни стана одбрамбен механизам заради мизеријата во која сме и на која секојдневно се согласуваме со силината на индивидуалниот ангажман. Да се спротивставиме на диктатот на заробениот ум, на рамнодушноста! Но за тоа ни се потребни храброст и одговорност, а не свирчиња и препишани слогани од соседството.

За жал фактот дека еснафската организација која е повикана да застане во одбрана на професијата – веќе со години одбира да одмолчи ми потврди дека не само што не постои критична маса или вистинска заинтересираност во ЗНМ да се даде некаков одговор на ова што ни се случува туку и дека вака како стојат работите – нема никогаш ништо да се смени. Ова го потроши и она малку оптимизам што го имав дека работите со ЗНМ ќе тргнат во некоја насока во која посакував. Оттаму навистина веќе не гледав причина да продолжам да бидам дел од вакво ЗНМ и со своето присуство практично да ја оправдувам ваквата состојба. Не можев. Не, повеќе.

Авторот е уредник во Алсат-М и поранешен претседател на Советот на честа на ЗНМ

Ставовите изнесени во оваа рубрика се лични и не ја одразуваат уредувачката политика на Алсат-М

Пријавете се на feed  на коментари Коментари (2 Пратен):

Арангел 28/12/2009 19:44:35
avatar
„И изгледа дека само новинарството е професија во која незанењето и непочитувањето на занаетот – те промовираат и ти прават кариера.“

Па не би рекол, со незнање и непочитување се станува и министер, директор, началник на полиција, претседател на партиска младина, студентски сојуз итн. За жал стандардите за било која професија во Македонија се испод секое нормално ниво. Прашање на време кога сите разумни луѓе ќе си отидат (знам дека веќе многу се отидени) и потоа земјата ќе им остане на латас, маленко, грујо, бранко, турбофолкерите, гангстерите и терористите.
Палец горе Палец доле
2
suad missini 07/01/2010 11:28:10
avatar
pa sto ne gi otstranivte natrapnicite od znm?
ne ke da e deka groto od clenovite se toa? pa ovie drugive resile da se otstranat?
bravo za tamara!
Палец горе Палец доле
0
Нема да бидат објавувани коментарите што содржат говор на омраза,навредливи пораки, дисквалификациии по лична, национална, политичка основа и не придонесуваат за развој на дебатата.

Испрати коментар comment

Внесетего кодот од сликата :

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
  • Plain text Само текст
>>> Веб колумна
Previous
Next
Прегледај ја архивата
first first јули, 2010 first first
Не По Вт Ср Че Пе Са
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31