Лозинка: "Албанец"
"Политичарите се исти, насекаде. Ветуваат градење мост и таму каде што нема река."
Никита Хрушчов
Пишува: Артан Груби
Почитувани, политиката, вели некој, е уметност на барање на бељата, изнаоѓање на бељата таму каде што не постои, на некоректното дијагностицирање и употреба на погрешен лек. Оваа Влада и нејзината доктрина се викаат беља. Беља со соседите, беља со интеграционите процеси, беља со странските инвеститори, беља со верските заедници и најпосле, во најлош случај, беља со Албанците.
Секое спомнување на културна, економска, судска, образовна, социјална дискриминација,поврзана е директно со Албанците кои го имаат ексклузивното право да бидат граѓани од втор ред во Македонија и дежурни виновници за сите неуспеси на земјата. Затоа, драги пријатели, да го вратиме повторно нашето реагирање како Албанци, сега кога видовме дека нашите реакции како интегрирани, како мултикултурни, политички коректни и како се друго, освен како Албанци - не успеа.
Дел од албанската нација што живее во Македонија ја има направено најголемата жртва, согласувајќи се со независноста на Македонија, со цена на оддалечувањето од скутот на Белград, повторното исправување на државното кормило кон западната цивилизација и евро-атлантска интеграција на земјата. Покрај сублимното жртвување на дел од албанскиот народ што живее во Македонија и рамноправноста гарантирана со Уставот, државата продолжува да ги третира како граѓани од втор ред. Од независноста до денеска, Албанците се жртви на монтирани политички процеси и иако невини, тие издржуваат казни во затворите.
Римскиот филозоф Квинтилианус /Qiuntillianus/ (35 год.- 96 год.) зборувајќи за проблемите во судството вели дека тие можат да се решат ако им се даде одговори на прашањата: Кој? Што? Каде? Кога? Како? Зошто? И со кои средства? Во денешна Македонија, судските проблеми се решаваат со лозинка "Албанец". Секој судски случај што се решава со оваа лозинка завршува со драконска казна, доколку дури и се докаже спротивното, како и во случаите „Сопот“, „Бит- пазар“,„Гостивар“, аферата со оружјето, „Тетово“, „Радолишта“, а оваа листа нема крај.
Конечно, повторно се темпира бомбата наречена „Хаг“, како политички стап за дисциплинирање на Албанецот, од време на време се појавува тенденцијата за да се оддалечи од скутот и успивната песна на македонскиот партнер и да започне да ја користи главата. Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија не виде за оправдано и потребно да поведе судска постапка за четири случаи што обвинителството на Македонија му го сервираше како за воени злосторства во кои се обвинуваат исклучиво силите на ОВК. Иако локалните власти пријавија само случаи каде што се обвинуваат Албанците, Хашкото обвинителство одлучи да не земе предвид ниту еден од нив и се занимаваше само со случајот „Љуботен“, кого Хаг го квалификуваше како воено злосторство, додека македонските обвинители ниту започнаа истрага за овој случај.
Денеска, занемарувајќи го Законот за амнестија, усвоен од Собранието на република Македонија, домашните судови ги активираа судските процеси кои беа неиздржани пред Меѓународниот суд, што претставува скандалозен преседан во меѓународното право. Процесирањето на овие случаи се објаснува само, а тоа се случува со мешањето на политиката во судството и со оправдувањето на држењето на Албанците во скут со приспивни за перење мозок, но тие не знаат дека Албанецот од лулката станува јунак.
Во другиот актуелен и скандалозен случај на мешањето на политиката и лоши сатанистички сценарија е случајот „Сопот“ каде што два војника на НАТО и еден цивил загинаа во 2003 година за што беа осудени 11 Албанци од село Сопот на севкупно 156 години затвор.
Жителите на Сопот сè уште лежат во затворите и покрај јавните изјави на клучните сведоци кои тврдеа дека тие се невини, што е потврдено од страна на поранешниот министер за одбрана како и од поранешниот амбасадор на НАТО во земјата, заедно со многу други изјави. Сите овие детални податоци останаа во фиоките на Парламентот и се очекува, како и секогаш, политичко пазарење за невиноста на Албанците, документирано во стотици листови.
Додека секој поминат ден во мораториумот на меѓуетничката политика во земјава е пазарен ден, Албанците би можеле да ја зголемат нивната политичка вредност само ако се единствени во активностите и взаемно се поддржат, бидејќи веќе е јасно дека ништо друго не врши работа. Тоа го потврдивме со признавањето на Косово и со воспоставувањето на дипломатските односи, со фалсификуваната Енциклопедијата на МАНУ, со наметнувањето на македонскиот јазик, итн. Кога СМЕ ЕДНО, ние сме непокорни.
Колку чини да си Албанец во Македонија?
Авторот е претседател на Граѓанското движење “ЗЃОХУ“!
Ставовите изнесени во оваа рубрика се лични и не ја одразуваат уредувачката политика на Алсат-М.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



ocekuvam vo slednata kolumna sam da odgovoris na prasanjeto. Kolku e zarabotkata od "profesijata" Albanec, nezavisno od toa dali e politicar ili nerealiziran politikant zatskrien zad kvazi-gradjansko zdruzenie.
Испрати коментар