Грчката криза може да се прелее и во Македонија
Финансиската криза која ја тресе соседна Грција може да се прелее и во Македонија, но само во областите на трговијата, смета министерот за финансии Зоран Ставревски. Според него, случувањата во Грција се сериозни во делот на фискалните работи, но уште повеќе во приватниот сектор и поради ова се можни последици врз македонските компании во делот на трговијата, пред се во редовното снабдување, испораките и нарачките.
„ Сепак, не очекувам негативно влијание во делот на инвестициите. Во делот на трговијата се можни одредени импликации зависно како ќе се развива работата во Грција, дали ќе има социјални немири, штрајкови или нарушувања на производствениот процес“- Зоран Ставревски, министер за финансии
Сепак, најважното, според Ставревски е тоа што најголемата банка во Македонија, Стопанска банка, која е во сопственост на Националната банка на Грција, ќе продолжи со помош на економијата. Ова било утврдено на редовната средба која се одржала деновиве меѓу минситерот и првиот човек на Националната банка на Грција.
„ Ми беше потврдено дека Националната банка на Грција и Стопанска банка ќе останат максимално ангажирани во поддршка на економскиот развој. Разговаравме за проекти како реконструкцијата на РЕК Битола во кој Стопанска банка ќе биде финансисер, за модернизацијата на аеродромите каде Стопанска банка издава гаранција од 20 милиони евра за ТАВ“
Грција е трет трговски партнер на Македонија, веднаш зад Германија и србија. Лани од јануари до декември размената била 730 милиони долари, од што сме извезле 290 милиони, а сме узвезле стоки во вредност од 440 милиони долари. Инаку, финансиската криза во Грција е поради континуираниот огромен буџетски дефицит, лажирањето на статистичките податоци поради што слабее вредноста на еврото како и енормната задолженост на државата од 400 милијарди евра што е 120 отсто од нивниот бруто домашен производ
Горан Темнугов
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар