Почнува годинашниот Вевчански карневал
Вевчанци денеска и утре ќе го одржат традиционалниот Василичарски карневал, посветен на Свети Василиј Велики и изгонувањето на злото. Манифестацијата ќе започне попладне со импровизиран саем за алтернативен туризам и концерти на Владо Јаневски, Влатко Стефановски и групите Милко и Рибља Чорба, а ќе продолжи утре на пладне со традиционалниот маскенбал и обичаите поврзани со него.
Новина на годинашното издание е Новогодишниот базар на кој ќе се претстават ракотворци и производители на домашни сувенири.
Претседателката на Организацискиот одбор на Вевчанскиот карневал Лилјана Поповска вели дека е добро да се присуствува на Карневалот за да се осети вевчанскиот дух и мајтап и да се види дека во Вевчани на никого не му се простува, ниту на големец, ниту на обичен човек.
Вевчанскиот градоначалник Перо Илиески, пак, испрати повик до сите заинтересирани да дојдат на Карневалот, да го осетат духот на вевчанецот под маска и да ги видат маскираните деца, кои се гаранција дека традицијата нема да изумре.
„Се може да се одложи, само Вевчанскиот карневал не“ е традиционална вевчанска поговорка со која вевчанци денеска и утре уште еднаш ќе му покажат на светот дека народ што има обичаи и традиција не може да изумре. Колку и да е познато она што ќе може да се види овие два дена, Вевчани сепак ќе изненади со присуството на новите маски затоа што секоја маска почнува да се обмислува и креира со завршувањето на претходниот карневал.
Корените на Вевчанскиот карневал се од паганството, а неговата долгогодишна традиција претставува спој на митското и прастарото со современото. Во последно време традицијата се менува и се повеќе жени се маскираат и учествуваат на Карневалот. Тие порано не само што не смееле да учествуваат, туку и не смееле да присуствуваат и да ги гледаат маскираните мажи. Карневалот има интернационален дух бидејќи учестуваат се повеќе гости од странство. Досега имало учесници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Турција.
Годинашни организатори на Вевчанскиот карневал се Тетрагон, Асоцијацијата за алтернативен туризам „Балканика“ и здружението „Деница“, а традиционални поддржувачи се министерствата за култура и економија
МИА
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |








-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар