Владимир Мартиновски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“
Збирката песни „Квартети: за читање, гледање и слушање“ на авторот Владимир Мартиновски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на годинешниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Мартиновски изјави дека ова награда уште повеќе го охрабрува да продолжи со интермедијалните истражувања преку поезијата. 49 –то издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ќе почне на 19 август. Ќе учествуваат 60 поети од сите континенти и околу 50 автори од земјава. Новитет за ова издание ќе биде испреплетување на жанровите на поезијата, музиката и фотографијата како разноликоста на настапите од музичари од Израел, Шпанија, Италија...
Директорот на СВП Данило Коцевски рече дека очекуваат шеесетина поети од сите континенти и педесетина домашни автори, меѓу кои половината ќе бидат млади. Фестивалот ќе се осовремени со нови содржини - мешање на жанровите - поезија, музика и сликарство и настап на музичари од Израел, Шпанија, Италија, Србија... кои изведуваат поезија.
- Фонтаната кај хотелот „Дрим“ во Струга ќе биде отворена сцена за постојани поетски перформанси и тоа е меѓу новините на овој фестивал, рече Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на СВП.
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар