„Панасоник“ во април ќе пушти во продажба 3Д телевизори
Јапонската електронска компанија „Панасоник“ соопшти дека на 23 април во продажба ќе го пушти првиот телевизор со „целосна висока дефиниција“, кој ќе може да проектира тридимензионална слика.
Овие телевизори, наречени „Виера“, ќе се произведуваат со дијагонала од 50 и 54 инчи (127 и 137 сантиметри) и ќе чинат 3.500, односно 4.300 евра.
„Панасоник“ во исто време најави дека на пазарот ќе пушти повеќе модели на „блуреј“ диск плеерите, кои ќе можат да снимаат и емитуваат 3Д соддржини.
Директорот на одделот за маркетинг на „Панасоник“, Широ Нишигучи изјави дека јапонската компанија сака „да поттикне 3Д револуција“, па затоа решила новите телевизори да ги нуди по „релативно достапни цени“.
Аналитичарите очекуваат во следниот период и други електронски компании да започнат со производство на 3Д телевизори, со што нивната цена дополнително би се намалила
МИА
| Не | По | Вт | Ср | Че | Пе | Са |
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |



-


Facebook
Furl
Digg
Myspace
Windows Live
Yahoo MyWeb



Испрати коментар